Таг: франк рибери

Спектакуларен пречек за Рибери во Салерно

Навивачите на Салернитана се во еуфорија поради новото засилување кое се вика Франк Рибери. Шоу му направија на стадион.

Освои 23 трофеи со Баерн, ама Салернитана си е Салернитана

Меси во ПСЖ, Роналдо во Манчестер Јунајтед, Лукаку во Челси. Тоа се гола вода трансфери во однос на денешниот. Скролаш на Твитер и го гледаш Франк Рибери сликан со шал на Салернитана. Па нема појако.

Стариот џумбушлија Франк - во топ листа по број на дриблинзи, асистенции, брзина

Во последните 11 години наградата „Златна топка“ предизвикуваше бурни реакции. Супериорноста на Роналдо и Меси не беше баш секогаш така очигледна и се сведуваше на статистика и нивниот статус, а навивачите нудеа стотици други опции за играч на годината.

Рибери го сними дома хаосот од кражбата

Фиорентина синоќа се врати дома победнички од гостувањето против Парма, но кога Франк Рибери влегол дома, што ќе види. Ву влегле крадци и му превртиле сè за да стигнат до нешто вредно. Штетата е накит и чанти од жена му, но она што го јаде е несигурноста после овој чин.

За ова знаеш дека казна од 4-5 меча не ти бега

После мечот Фиорентина - Лацио (1-2), Франк Рибери кој беше заменет од тренерот Монтела со Боатенг во 74’ минута, им се пушти на судиите. Два пати силно го турна помошникот линиски судија Матео Пасери поради тоа што не сигнализирал фаул од Лукаку над Сотил во акцијата после која Чиро Имобиле го постигна победничкиот гол.

Уште една победа на PES над FIFA2020

Франк Рибери, кој од летово игра во Фиорентина, на својот Твитер објавил слика од себе на новата ФИФА2020 и напишал „Играв FIFA2020 со децата пред некое време. Хеј @EASPORTSFIFA... Кој е дечково?“

Емотивно збогување на Рибери со навивачите на Баерн

Кога тогаш мораше да и дојде крај и на оваа приказна која во бројки вели вака: 12 сезони, 423 меча, 123 гола, 183 асистенции, 23 трофеи. Франк Рибери си оди од Баерн Минхен гордо и многу многу емотивно, како фудбалер со рекордни 9 титули во Бундеслигата.

Крај на уште една фина приказна - Робен и Рибери со титула си одат од Баерн

Познати под прекарот Робери (Робен и Рибери), холандскиот и францускиот фудбалер одбележаа една трофејна ера во германскиот гигант. Навивачите се навикнаа на овие двајца мајстори на фудбалот, па тешко ќе им биде да го гледаат Баерн без нив.

Бендтнер прв облече розови копачки и сите му се смееја - а сега?

На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?

Коментаторска утка со паузата за вода и Рибери

Попладнево пријателска средба играа Баерн Минхен и Челси (3-2) на која што коментаторот направи смешен лапсус. Во 74 минута од мечот Франк Рибери тргна кон аут линијата да се напие вода за време на судискиот тајм-аут а спикерот прочита што пишува на екранот и мислеше дека во игра влегува Дринк Вотер.

Не се лути, дојди чичо Карло да те бубне

Баерн Минхен викендов ја демолираше Борусија Дортмунд со 4:1, а потег број 1 на колото во Бундеслигата е начинот на кој искусниот Анчелоти го смири Рибери откако побара објаснување за тоа што го извадил.

Не го оставај Робен сам на работ од шеснаесетникот

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен имаа супер интересен и неизвесен двобој во четвртфиналето од ЛШ, сезона 2009/2010. На првиот дуел во Минхен тимот на Фергусон имаше 0:1 со голот на Руни уште од втора минута. Во 77-ма и 92-ра Рибери и Олиќ стрелаа за 2:1

Интересни факти за Рибери, Трезеге, Роналдо, Фиго, Кан

Во однос на статистиките горе-долу денес сè познато. Од таа причина занимливо звучи кога ќе се дознае некој момент надвор од теренот.

Времето кога Рибери играше за Галатасарај, а Матераци за Евертон

Некои познати фудбалери имале авантури за кои малкумина знаат. Рибери имал лошо искуство во Истанбул каде од управата му дошле дома и му кршеле прозори, а Бекам го исмевале во Престон.

Што ќе прави Баерн со триото кое тежи 60 трофеи?

Трите големи ѕвезди во тимот на Карло Анчелоти очекуваат продолжување на нивните договори, но првиот човек на клубот вели дека проблемот е да се најде начин за да се поврзат минатото, сегашноста и иднината.

Рибери ги направи мајмуни во одбрана

Баерн Минхен убедливо со 3:0 ја збриша Херта и стигна до 4 од 4 во Бундеслигата. Резултатот го отвори Франк Рибери во 16 минута откако ги измрда своите чувари со стар, ама добар дриблинг кој уште пали.

Како Рибери собира отпадоци

Баерн Минхен беше апсолутен фаворит против Ајнтрахт Франкфурт, но не го сомеле со четири, пет парчиња како што обично знае, туку победи со само еден гол, ремек дело на Франк Рибери во 20 минута.

Замрзнатиот Рибери и тужбата за СиЕнЕн

Асот на Баерн Минхен уште еднаш побара од американскиот телевизиски гигант да му плати оштета од 1,5 милиони долари, затоа што ставиле негова фотографија на вест за девојка која умрела во криотерапевтска соба.

Француски репрезентативци кои не се целосно Французи

Дваесет и тројца фудбалери кои имаат потекло од други земји, ѝ ги донесоа најголемите успеси на француската фудбалска селекција во историјата.

Баерн Минхен има најмногу членски карти во светот

Актуелниот германски шампион е лидер по бројот на регистрирани членови, а зад него се Бенфика, Барселона и Шалке.

Препотентните Французи не разговараат со Зидан

Манџукиќ бил скромно момче кое учело за плочкар, а Паласио се уште носи старомодна фризура. За Француските репрезентативци дознаваме дека со дрзок однос градат кариери, па дури одбиваат и телефонски повик од Реал Мадрид.

Рибери не e ни меѓу првите тројца во Франција

Фудбалерот на Баерн Минхен е помеѓу тројцата кандидати при изборот за најдобар фудбалер на светот, но во својата земја е само четврти спортист.