Ариен Робен (32), Франк Рибери (33) и Чаби Алонсо (34) може од следната сезона да не бидат повеќе играчи на Баерн Минхен. Тоа би се случило ако клубот не реши да ги задржи, а нема многу време за тоа, договорите следната година им истекуваат.
Баварците размислуваат за иднината и го подмладуваат тимот, а тие тројца не се повеќе така млади и често имаат проблеми со повреди (особено Робен и Рибери).
„Се работи за тројца важни играчи, на кои им должиме многу за постигнатото, но проблемот е да се поврзат минатото, сегашноста и иднината.
Робен минатото коло беше во прв тим за прв пат после 5 март. Често го мачат повреди, особено во последно време. Откако е член на Баерн, а тоа е од 2009 година кога се пресели од Реал Мадрид, има испуштено 100 меча или поточно од 244 има одиграно 144. Публиката го сака и би била задоволна ако остане, но за нов договор мора да ги реши проблемите.
Најдолг стаж од ова славно трио во Минхен има Франк Рибери кој во 2007 година направи трансфер од Олимпик Марсеј вреден 25 милиони евра. Освои 6 титули во Бундеслигата и Лига на шампиони пред 3 години. Французинот е во одлични односи со Ули Хенес и ако тој се врати на претседателската функција во клубот преговорите ќе му одат полесно. Рибери изјави дека би останал уште 1-2 години во Минхен.
Со најкус стаж е Чаби Алонсо на кој Анчелоти и натаму би сметал во среден ред. Поранешниот играч на Реал Мадрид кој дојде во 2014-та изјави дека веќе размислува околу неговата иднина, но треба да се реши дали би останал во Минхен или би се вратил во Шпанија.
Се работи за тројца играчи кои имаат освоено Светско, Европско првенство, Лига на шампиони, национални титули, купови и заедно тежат вкупно 60 трофеи. Најтрофеен е Робен со 24, Рибери има 19, а Алонсо 17.
На потег е актуелниот шампион на Германија кој изгледа дека треба да го почитува минатото, да внимава на сегашноста и да ја стави во преден план иднината.