Откако пишавме дека ветеранот и легенда на холандскиот фудбал Арјен Робен првпат после 7 месеци почна меч од почеток за Гронинген, имаше 2 сјајни асистенции за гол и ја доби наградата за играч на мечот, излезе фотографија на која се гледа како некогашната ѕвезда на Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен си оди дома од мечот во Емен со точак.