Се прослави во Реал, Челси и Баерн, заработи милиони, а на тренинг оди со велосипед

Откако пишавме дека ветеранот и легенда на холандскиот фудбал Арјен Робен првпат после 7 месеци почна меч од почеток за Гронинген, имаше 2 сјајни асистенции за гол и ја доби наградата за играч на мечот, излезе фотографија на која се гледа како некогашната ѕвезда на Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен си оди дома од мечот во Емен со точак.

Робен има преку 700 натпревари во кариерата и дури 31 трофеј. Има повеќе од 250 голови за клубови и за репрезентацијата на Холандија. Стана европски првак со Баерн и светски вицешампион со Холандија на Мундијал.

За емотивното враќање на Робен

11 мај 2021 - 08:12