Робен се врати после 7 месеци, намести 2 гола и се расплака

Легендарниот холандски крилен фудбалер кој се прослави во Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхенм на 37 години повторно заигра од почеток како стартер после неколку месеци пауза.

Арјен Робен официјално се врати од пензија уште минатото лето кога потпиша договор со неговиот роден клуб Гронинген. Одигра неколку меча лани но поради повреда паузираше подолго.

Во неделата на 9. мај 2021 Робен конечно повторно заигра од почеток, стартуваше на мечот Емен - Гронинген 0:4, одигра 80 минути и имаше две супер асистенции.

Робен уште во август лани договори враќање во својот Гронинген каде ја почна кариерата. Клубот јавно побара помош во време на пандемија и спортскиот директор и генералниот директор на клубот Марк-Јан Фледерус и Вутер Гуде отишле во Минхен да го убедат Арјен да се врати таму каде што почна.

Робен првично ги одбил, но подоцна отишле кај него на гости и му покажале инсерти од видеото специјално направено за него, со емотивни моменти, голови, навивачи, песни, како и хајлајтс од документарката The Last Dance за Мајкл Џордан.

Сјајниот ветеран на крајот прифатил да се врати. Гронинген набрзо продал 12.000 сезонски карти за стадионот кој никогаш не продал толку многу а ги продале и сите карти за вип ложа.

За бајката да има убав тек, Робен се погрижи со гол на својот прв домашен меч (пријателски), но после доживеа повреда половина час по стартот на еден меч. 

Човекот кој блескаше во кариерата во Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен после еден месец се врати на теренот по повредата но одигра само 14 минути и пак се повреди. Следната пауза го оддалечи на неколку месеци, па сите во Холандија очекувале тој зимата да ја заврши кариерата.

Но легендата се врати. Прво одигра 14 минути против Херенвен, после половина час против Спарта Ротердам и на крај од почеток против Емен во неделата кога славеа 0:4 а Робен имаше 2 асистенции за 2 гола на 24-годишниот Алесио Да Круз.

Робен после мечот ја добил наградата играч на мечот па во интервју по натпреварот не можел да се воздржи да не заплаче.

„Многу работев за да се вратам. Беше тешко но продолжувам да се борам. Сакав да му помогнам на клубот и да играм фудбал. Ако успеам многу сум среќен. Денес играв за свој ќејф, како дете. И на екипата тоа и помогна“, рекол Арјен. 

Интересно, Робен бил и добро расположен па на 2 кола до крајот на сезоната во Холандија каде Гронинген ќе игра во плејофот за пласман во Лига на конференции, рекол и дека би прифатил повик на Европско првенство 2021 летово.

„Ако Франк Де Бур ме викне, доаѓам“.

10 мај 2021 - 10:36