Рујоу Кобајаши ги помести границите и постави нов светски рекорд во скијачки скокови од досега невидени 291 метар, со што го сруши стариод рекорд за неверојатни 37,5 метри.
Инаку се работи за рекорд кој ќе биде запишан како неофицијален, бидејќи е остварен на привремена скокалница на егзибициски настан на Ред Бул.
26 годишниот Јапонецот се стремеше кон 300 метри, но сепак успеа да скокне под таа првично зацртана цел.
Инаку се работи за еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња со 66 подиуми во кариерата и вкупно 32 победи. Тој е трикратен освојувач на „Четирите скокалници“ (2019, 2022, 2024).
Актуелни официјални светски рекордери во оваа дисциплина се Штефан Крафт од Австрија кај мажите со 253,5 метри и Сиље Опсет од Норвешка со 230,5 метри кај жените.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh