Роналдо е статистички послаб од Меси и Робен

Најдобриот играч за 2014-та според ФИФА сезонава има 29 голови во домашното првенство, а Меси три помалку, но според статистиката на OPTA, Роналдо не е ниту на едно од првите две места за најдобар играч во Европа. 

Аргентинецот е 16 пати прогласуван за играч на мечот и во просек има најдобра оценка сезонава во Европа. Според овие параметри Робен и покрај тоа што има 16 голови во Бундеслигата и е 9 пати „man of the match", тој подобар е од Роналдо. Во топ 7 листата високо котираат и двајцата белгиски репрезентативци.

26 февруари 2015 - 15:10