Само три дена откако Робен не го искористи пеналот кој можеше да му го донесе трофејот од Лигата на шампиони, на истиот стадион Баерн Минхен и беше домаќин на репрезентацијата на Холандија на пријателски натпревар.
Робен влезе во игра во второто полувреме и додека дел од навивачите на Баерн Минхен веќе му простија, поголемиот дел од 33.000 навивачи го исвиркаа при секој негов допир со топката.
Трагичарот се воздржа од коментари по натпреварот кој Баерн Минхен го доби со 3:2, но селекторот на репрезентацијата Берт ван Марвијк и фудбалерите на Холандија не го криеја разочарувањето, а Марк ван Бомел дури изјави и дека доколку бил на местото на Робен, тој би го напуштил клубот.