Робен се претвора во мрзоволен старец кој го нервира сè
Го знаете ли типот на фудбалери моралисти кои на вашиот старт на работ од фаул ќе ви кажат: „Полека бе. Јас не ти влегувам така. Припази малку“. Таквите луѓе веруваат дека само нивните ставови за животот се исправни и дека секое отстапување од веќе утврдените правила е за осуда. Арјен Робен во последно време изгледа на човек кој не може да прифати што ја губи својата лидерска позиција во Баерн Минхен. Од таа причина му смета сè и сешто. Почнал да им замерува на соиграчите за тривијални работи.
Пример за тоа е фантастичниот потег на Даглас Коста против Леверкузен, меч после кој Робен изјави:
„Верувам дека местото на тие потези им е во циркус, не на фудбалскиот терен. Јас сум Холанѓанец, а не Бразилец. Не сакам такви работи. Мора да го почитуваме својот противник, особено кога резултатот е 3:0 за вас на 10 минути пред крајот".
За „почитта кон противникот" од играчите на Баерн е посебно забавно да се слуша. Особено што на еден натпревар даваат по осум голови и му прават поглема психичка штета на противникот, отколку со спектакуларен потег на средината од теренот. Даглас Коста изјавил дека ќе продолжи со таквите потези, а одобрение добил и од Гвардиола.
Робен во конфузија, веќе не е најдобар играч на Баерн МинхенТерминот „најдобар играч на Баерн" го нема во лексиконот на Пеп Гвардиола. Тешко дека во семејството на Баерн ќе најдете едно име кое ги симболизира неодамнешните успеси. Секој е задоволен со улогата која му дал тренерот и никој не влегува во полето на туѓата одговорност. Нема потреба. Одбраната, средниот ред и нападот сите заведуваат ред на своето парче земја, а како резултат на тоа гледаме клуб кој нема слабости.
Арјен е фудбалер кој сигурно мора да биде на видикот. Мора да биде забележен. Ниту нему не му смета да пее во хорот на Гвардиола, но за него неопходно е да направи два чекори напред од редот и да го заземе местото на солист. Холанѓанецот неколку пати во кариерата во Германија имаше јавни настапи од типот: „Кој друг ако не јас? Кој ќе го спаси Баерн во критична ситуација? Кој ќе направи слалом по крило, а потоа ќе тргне кон центарот и со прецизен шут ќе го одлучи мечот?
И сè беше така до неодамна. Но во денешниот Баерн нема херои. Гвардиола ги учи поразлично: за да се постигнат резултатите овде и сега е важно секој добро да ја одработи задачата, нема потреба од подвизи.
Ќе ескалира ли ситуацијата на Робен во тимот?Многу тренери се обиделе да го излечат Робен од егоизмот. Некои го средил (но не за долго), некои пропаднале, а некои виделе дека е залудно и не се осудувале да го менуваат.
Гвардиола за тоа изјави: „Јас сум добар тренер, но не доволно добар да сменам менталитет на формирана личност". Пеп не тргна да го учи Робен и наместо тоа купи играчи 100% спремни да го слушаат што ќе им каже.
Ако шпанскиот стручњак се откажал од намерите да го смени Робен, соиграчите уште се прашуваат како е можно да биде толку индивидуалист во тимски спорт. Откако на мечот против Штутгарт, во кој Холанѓанецот беше нерешителен да им подава на соиграчите најмногу претрпел Роберт Левандовски кој бил скратен за два чисти гола поради себичниот Робен. Билд после тој дуел пишуваше дека во соблекувалнта имало повишени тонови, а двајцата денес се игнорираат во соблекувалната.
Сепак и Робен има свои причини. Во 2013-та година на Вембли беше најзаслужен што Баерн Минхен стигна до тројната круна после победата во финалето на ЛШ. Во 2009. година кога дојде во Минхен беше најдобар фудбалер. Можеби е заситен по големиот број на трофеи (4 титули во Бундес, 3 Купа, 2 Супер Купа, 1 во ЛШ и 1 во УЕФА Супер Купот). Во ситуација кога Баерн Минхен е пред разделба со Робен и Рибери кои важеа за тандем кој ја направи ренесансата во тимот, веќе се знае каква ќе биде декорацијата на стадионот и клупските простории.