На 26. ноември Никлас Бендтнер ја затресе мрежата на Динамо Киев. Тоа беше прв гол во историјата на фудбалот постигнат со розови копачки - Nike Mercurial Vapor Rosa.
„Ги обожавам. Од детството многу ја сакам таа боја. Никогаш претходно не сум играл во розови копачки. Сега сум на висините, немам конкуренција. Единствен способен да ми парира е ако некој заигра со копачки со брилијантини. И мислам дека во скоро време нема да произведат такви“, рекол тогаш Бендтнер после ’историскиот’ меч.
Медиумите моментално експлодираа: Во прв ред сите зборуваа дека Бендтнер носел розеви копачки а подоле во текстот пишуваа дека го внесе Арсенал во плејофот од Лига на шампиони.
„Мене копачките не ме убедија нешто многу, ама ако Бендтнер дава голови, не ме интересира во што играл“, кратко рекол тогаш Арсен Венгер после мечот.
Скоро Puma се договорила со Анелка и оперативно пуштила своја варијанта на розови копачки - но брзо ја испровоцирале и првата казна на новата мода. Во пресрет на лондонското дерби The Daily Mail излегол со насловна „Бендтнер и Анелка ја претворија Битката на Мостот во Битка на барби-копачки“.
Тренерот на Астон Вила, легендарниот Ирец Мартин О’Нил бил шокиран: „Луѓето сериозно ќе носат такво нешто? Сериозно?“. Тренерот на КПР Марк Берчем бил уште порадикален: тој ги забранил копачките во шарени и светли бои зошто самиот памти дека во негово време имало копачки само во три бои. Сер Алекс Фергусон им наложил на младинците на Манчестер Јунајтед да играат само во црни копачки, но во првата екипа тоа не се случило. Секоја сезона Кристијано Роналдо трчаше во розови копачки.
„Развојот не стои во место. Мене совршено не ми се допаѓаат современите копачки, но сфаќам дека тоа е голем бизнис и брендовите заработуваат стотици милиони фунти од фудбалот. Какви ли итроштини треба да направат, за младите да купуваат розови или портокалови копачки“, пишал сер Алекс Фергусон во автобиографијата.
Еден од најжестоките англиски фудбалери Рон Харис (преку 800 меча за Челси) рекол за овој тренд: „Розова е женска боја. И ако денес облечам розеви обувки ќе изгледам како кловн. Но денес таква е модата. Би ги облекол ако ми дадат 6 милиони фунти“, вели Харис.
Првото промотивно видео со ваквите шокантни копачки, Nike го пуштил на крајот од ноември 2008-ма. Компанијата сакала револуција - првите копачки во историјата на фудбалот со главен акцент на визуелниот изглед. Дизајнерите излегле од рамките на спортот и влегле во рамките на модата.
Зад моделот Vapor Rosa стоела моќна екипа измешана од иноватори и креативци. Марк Паркер станал CEO во 2006. година и го трасирал патот на Nike по модната орбита: нестандардни бои, пренасочување кон уличен стил и огромен успех на култните производи Nike Free RN, Air Max и Flyknit. Fast Company го прогласил Паркер за најкреативен CEO (извршен директор) во 2012 година, а во 2015-та изданието Fortune го нарекло бизнисмен на годината.
Тинкер Хетфилд - потпретседателот на Nike во секторот дизајн, иновација и специјални проекти, идејно ги разработил бомбастичните Air Max како и високите патики кои Марти Мекфлај ги носеше во филмот „Враќање во иднината“. За овие реализации Хетфилд стана легенда а Netflix за него снима документарен филм.
Хироши Фуџивара е креативниот консултант на Nike и татко на street style во оваа компанија. Тој во Јапонија ја донел културата на диџејинг и хип-хоп а потоа станал култен дизајнер. Хироши соработувал со топ брендови како Supreme, Nike, Levi's, Oakley, Kangol, Burton, Visvim, Stussy, Fragment, WTAPS, Neighborhood, Soph - списокот може да се продолжи вечно.
„Но најмногу од сè сакам да работам со Тинкер и со Марк Паркер - тие се толку паметни луѓе и многу виделе низ животот“, вели Фуџивара.
На шест месеци до премиерата на розевите копачки Nike го објави списокот на играчи кои ќе ги носат на теренот овие чудни бои: Рибери, Аршавин, Бен Арфа, Барош и Матераци. Потоа на списокот ги додале уште и Кристијано, Робињо и Бендтнер.
„Мора да бидеш брз“, се зборуваше во првата реклама на Nike компанија која знаела дека носителите на розови копачки ќе имаат проблеми.
И за да не им биде непријатно, лице модел го направиле Франк Рибери. Во втората реклама за розевите копачки Рибери станал главен херој на филмот „Розовиот пантер“. Рибери на почеток трча со топка по терен, потоа се трка со розова кола и на крај завршува во казино во црн костум и розови копачки каде покажува „харизма“: една од најчудните иронични реклами на Nike.
Надзор над промоцијата на производот имала маркетинг агенцијата Wieden & Kennedy од Амстердам - тие соработуваат со топ брендови како што се Airbnb и Coca-Cola, а Nike им е постојан клиент: за американскиот гигант они ја снимале легендарната реклама Write The Future, My Time Is Now и други легендарни видеа.
За стилистиката, промотивните видеа и билбордите бил задолжен тим од 16 луѓе, плус аниматорското студио Happycentro и две пост-продукции: Nils Gerbens и The Ambassadors. Дизајнерите од Happycentro работеле на тоа како да ги скратат анимираните парчиња и да ја адаптираат PR-кампањата за Италија.
Пар дена по појавувањето на Бендтнер во розови копачки, Puma објавила тогаш дека на првиот следен дуел во Премиер лигата розови копачки ќе носи Анелка и во етер пуштиле многу чудно видео.
Во некоја запуштена соба, полугола моделка го врзала Анелка за столица и на француски вели: „Луис Сколари, ние го земавме во заложништво вашиот најдобар напаѓач Никола Анелка. Тој ќе биде пуштен само под еден услов: да му дозволите да игра во новите розови копачки. Во спротивно ќе го вратиме во Париз. Должни сте да го прифатите условот во рок од неколку дена. Тоа е во ваш интерес, мистер Сколари“.
Puma уште не ги разбила стереотипите, па помалку очекувано нивните копачки никој не ги купувал тогаш а производството брзо опаднало и прекинало. Компанијата брзо се вратила на оваа идеја во 2016-та - розовиот модел EvoSpeeed конечно го разработија Гризман, Жиру и Ројс, но во најдобар случај овој обид бил втор.
Зошто се мисли дека розова е женска боја?
До средината на ХХ век за мажите било сосема нормално да носат розови бои. На почетокот на XIX век луѓето придавале големо внимание на симболиката на боите, а розовата означувала оган, агресија, сила, богатство и страст. На почетокот на тој век вакви бои носела елитата (бароните, маркизите, уметници) - розовата боја на облека означувала добар вкус.
Имало ли розово порано во фудбалот?
Од втората половина на ХХ век розова носеле особено девојчињата. На крајо од 70’ години еден од првите кои направил револуција бил претседателот на германскиот клуб Хамбург. Тој решил екипата да игра во розова боја за да привлечат внимание на жените и да го зголемат нивното присуство на стадионите.
Стереотипот живеел и во ХХ век. Кога Реал во 2014-та година ја пушти во етер розовата опрема му се смееше целата јавност. Според El Confidential најмногу од овој модел купувале жени. Розово дефинитивно повеќе ги привклекло жените.
Ретко кој не ги памети розовите комплети на Јувентус од 2011-та година. Првпат ’Старата дама’ заиграла во овие бои уште во далечната 1889 година. Торинците сакале да видат каква ќе биде реакцијата на јавноста. На играчите им се допаднале дресовите, но после 4 години интересот почнал да бледи.
Целата приказна околу денешната боја на Јувентус датира од времето кога за Јуве играл Англичанецот Џон Севиџ којшто освен со фудбал се занимавал и со трговија на ткаенини и секогаш бил на врска со текстилната фабрика во Нотингем. Севиџ побарал од Британците да му дадат фудбалски дрес како модел за идните комплети на Јувентус. Работниците од фабриката му дале дрес од локалниот клуб Нотс Каунти: бел дрес со црни риги.
Вториот италијански клуб, Палермо во 1907. година преминал на розово и црна комбинација. Необичните бои ги предложил основачот на клубот - гроф Џузепе Ајролди. Тој се решил за таква комбинација зошто овие бои биле симбол на “тешкото и радносното“. Од тогаш розовата е боја на клубот чиј капитен е Македонецот Илија Несторовски.
Розова опрема носеа Арсенал и Јувентус во сезоната 2011/2012, Бохум во 2009/2010 и Барселона во 2010/2011. Во 2018. година Арсенал го презентираше комплетот опрема со розови ставки, а Puma пушти во продажба серија чисто розови копачки.
„Луѓето ми се смееја кога првпат облеков розови копачки. А сега сите ги носат“, изјави Бендтнер пред некое време.