Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.
По 30 години криење, вчера во Палермо е уапсен првиот човек на Коза ностра, Матео Месина Денаро (да беше од Битола, Денаро ќе го викаа Инфлацијата). Првото „благодарам“ за полицијата дојде од соседите на Денаро.
Во земјата на пицата и тестенините, македонските навивачи синоќа најдоа катче по свој мерак со скара и евтино пиво. На менито имаше и македонски песни, а во еден момент забавата стана уште полуда откако се појави таксист на кој му се испентарија и моторџија кој беше спремен со македонската химна, рокната на звучници. Јака забава падна, на која се воодушевија и полицајци кои кога поминаа стегнаа лајк со прстот.
После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е „Пеп за сиромашни“.
Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.
По неверојатниот триумф на клубот од Бергамо во 1/8 финале на Лига на шампиони, најголемите спортски медиуми го величаат Јосип Иличиќ, репрезентативецот на Словенија кој има баш тешка животна приказна и фудбалска кариера.
Лоши вести пристигнуваат за довчерашниот клуб на Несторовски и Трајкоски, тоест најлоши. Симпатичниот сицилијански клуб со антипатичен газда, згаснува.
Поради катастрофално водење на клубот од управата, целиот макотрпен труд на македонските репрезентативци паѓа во вода. Палермо сонуваше враќање во Серија А со Нестогол и Алекс, а денес стигна гром од ведро небо.
За Илија Несторовски и Александар Трајковски нема време за чекање и кога ќе им тргне растураат во напад. Палермо води 2:0 против Читадела со нивните два гола во 21-ва и 23-та минута. На вториот Нестогол му асистира на својот сонародник.
Само шест дена откако Палермо одигра нерешено благодарение на нивниот придонес, Нестогол и Трајковски повторно беа главни актери на терен, овој пат и двајцата како стрелци.
Групата учествувала во измама со здравствено осигурување во Палермо, во која наводно им кршеле раце и нозе на луѓе и местеле тоа да изгледа како од сообраќајна незгода, а за возврат добивале процент од осигурувањето.
Кога дојде од Хрватска, кога успеа да стане капитен, па уште и да влезе во историјата на сицилијанскиот клуб. На македонскиот голгетер му беа потребни само три сезони да влезе во друштво на најдобрите 10 стрелци на Палермо. Респект.
По двата гола и асистенцијата пред почетокот на репрезентативната пауза, Илија Несторовски одново стрелаше за својот Палермо. Овојпат на гости против Козенца каде Илија го отвори резултатот во 34' минута. После само две минути Козенца израмни на 1-1 а Нестогол доби црвен картон поради приговор кон судијата во 91' минута (втор жолт) и нема да игра на следниот меч.
Само 4 минути му требаа на Илија Несторовски да биде во терен за да се врати на голгетерските патеки. По отсуството поради повреда, капитенот на Палермо влезе во игра во 75-та минута, а во 79-та го отвори резултатот против Бреша на асистенција на Трајковски од корнер. Гостите сепак успеаа да израмнат во 92-ра за 1:1 и да ги симнат од тронот. Сицилијанците сега имаат 42 бода, еден помалку од Бреша.
Голема беше конкуренцијата на киксови и глупости во 2018-та, ама што го направи голманот на Асколи на гости против Палермо е врвот на сите автоголови. Овој сигурно сака што попрво да ја испрати и да ја заборави годината. Инаку Сицилијанците славеа 3:0. Трајковски беше стартер, Иле е повреден.
Македонскиот репрезентативец не е голем само затоа што дава голови и што достојно го брани сицилијанскиот дрес, тоа му е работа, туку и поради тоа што знае да повлече вистински капитенски потези и кога не оди на работа.
Само трета сезона е дел од Палермо, а сицилијанците го сакаат и го ценат како икона. Пред официјалниот фан шоп на клубот имаше долги редици за да се стигне до фотка и автограм од капитенот кој сите ги пречека со насмевка.
Газдата на Александар Трајковски и Илија Несторовски и официјално веќе нема никаква функција во Палермо, клубот од каде излегоа многу јаки фудбалери и клубот каде тренерите немаа право на грешка.
Ма најдобри се, ова во наслов го кажуваме во позитивна конотација. Во Италија страста за фудбал е голема, ама во јужна Италија е огромна. На стариов во недела не му е битно што ќе јаде или дали задоцнила пензијава, туку најважно е му е да победи Палермо. Го среќава Пољакот Радослав Муравски, не ни знае за кого се работи и го прашува како се вика и потоа му урла на уво Фооооооооооорца Палермооооооооо.
Фудбалерите на Палермо славеа убедливо на гостувањето против Карпи со 0:3 и се на само бод до лидерот на табелата Пескара. Точка на мечот стави Илија Несторовски во 74-та минута. Петти гол за него сезонава по 9 кола во Серија Б
Со ваква голгетерска серија на македонските репрезентативци, Палермо може да биде спокоен. Со голот број 4 во осмото коло од Серија А, Илија Несторовски по 29 минута му донесе предност на својот тим на гостувањето против Лече. Трајковски има 3, а тоа значи дека 7 од вкупно 11-те досегашни погодоци на сицилијанскиот тим се на македонското напаѓачко дуо.
Капитенот на Палермо се враќа во голгетерска форма во вистински момент пред двата меча на Македонија во Лига на Нации (13-ти со Лихтенштајн и 16-ти со Ерменија). По двата први гола сезонава против Перуџа, синоќа сам му донесе победа на својот тим во последните минути. Финта со лева, па мајсторски пласирана со десна за Палермо - Кротоне конечни 1:0.