Измамата е откриена само затоа што еден од „клиентите“ починал откако бил претепан. Главни клиенти на групата биле наркомани, алкохоличари, луѓе со ментални проблеми, и останатите „на маргините на општеството“.
Според полицијата околу 50 луѓе ги минале становите и магацините на ужасот. Би-би-си пишува дека идните инвалиди биле анестезирани со дроги, по што екстремитетите им биле ставани на камен или бетонски блок, и од горе им била пуштана вреќа со тегови или камења.
Подоцна во делови од Палермо кои не се под надзор од камери биле местени лажни сообраќајки, по што припадници на бандата ги носеле жртвите во болница преставувајќи се како нивни роднини.
Меѓу уапсените има и доктори и физиотерапевти кои наводно составувале лажни медицински белешки, и адвокат што ги поднесувал барањата за исплата на осигурување.
Локалните медиуми шпекулираат дека во измамата се извадени премии со вкупна вредност од 2 милиона евра.