Една година Палермо

Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.

24 март 2022. Тоа е датумот кој не се заборава. Италија - Македонија 0:1 со гол на Трајковски во 92-ра и во тоа во плејфот за Светско за втор резил на Италијанците, кои после Русија не го видоа ниту Катар.

Дрскиот удар на поранешниот напаѓач на Палермо и последниот свиреж на судијата беа неверни за сите кои бевме таму. 30.000 домашни навивачи на трибините беа потиштени, Манчини блед како крпа.

Второ резултатско чудо во рок од една година после она во Дуизбург и резултат кој повторно одекна во цел свет. Европскиот првак кој под водство на Манчини играше модерен и напаѓачки фудбал како никогаш претходно, не оди на Светско поради Македонија.

На Ренцо Барбера на крај се слушаше само македонска песна, која ечеше и пред и после натпревар и ден претходно и ден подоцна. Невидени ќејфои беа тоа. Одиме со ред.

Голот на Трајковски и последниот свиреж

Што објавија Наполитанците

Македонската химна

Жаклина

Бисер Балкански измиксана од страна на италијанскиот моторџија кој ги запали македонските навивачи со изборот на песните.

Најјаката коментаторска компилација со Трајковски на 17 јазици

Го снимивме Манчини како влегува на прес, попарен беше

Аудио честитка на Ѓоковиќ за Македонија

Фабио Капело се криеше од македонските навивачи во парфимерија

24 март 2023 - 12:59