Тешко му оди на Палермо во борбата за кам бек во Серија А, а тоа го покажуваат последните два резултати на кои освоија само два од планираните 6 бода со екипи од долниот дел на табелата.
Сицилијанците минатото коло одиграа само 1:1 против последно пласираната Падова со гол на Трајковски и асистенција на Несторовски, а денеска ремизираа 2:2 на гости против Ливорно кој се бори за опстанок.
Резултатот го отвори Несторовски од пенал во 41 минута, но домаќините во вториот дел за 9 минути им направија пресврт. Од пораз ги спаси Трајковски кој погоди во 89-та минута.
13 гола за Иле, 7 за Алекс.
Од Серија Б во Серија А директно одат првопласираните две екипи, а следните шест екипи на табела ќе се борат преку плеј оф мечеви.
Прва на табела на три кола до крај е Бреша со 63 бода, Лече има 60, Палермо 58, Беневенто 56...
Палермо до крај игра дома со Специја и Читадела и на гости со Асколи.