Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стрелци на денешниот триумф на Палермо на гостувањето против Падова која ја совладаа со 1:3 и тоа со целосен пресврт.
Домаќините поведоа со спектакуларните ножички на Бонацоли во 30-та минута, но само 13 минути се радуваа на водството. Сицилијанците потоа смислија одлична акција во три додава. Асистент беше Несторовски кој мајсторски на прва го најде Трајковски за 1:1.
Во вториот дел Рајковиќ го сврти резултат со подогок во 68-ма минута, а конечниот резултат го постигна капитенот Илија кој не греши во шеснаесетник.
Пет гола на Несторовски, четири за Трајковски по 14 кола во Серија Б. Палермо сега води на табелата со 29 бодови и има натпревар помалку од Лече и Пескара кои се на делба на втора и трета позиција со по 26 бодови.
Во следното коло, Палермо на домашен терен го пречекува последно пласираниот Ливорно.