Кам бек на Нестогол со гол на асистенција на Алекс

Само 4 минути му требаа на Илија Несторовски да биде во терен за да се врати на голгетерските патеки. По отсуството поради повреда, капитенот на Палермо влезе во игра во 75-та минута, а во 79-та го отвори резултатот против Бреша на асистенција на Трајковски од корнер. Гостите сепак успеаа да израмнат во 92-ра за 1:1 и да ги симнат од тронот. Сицилијанците сега имаат 42 бода, еден помалку од Бреша.

15 февруари 2019 - 22:58