На неколку дена пред католички Божиќ, Нестогол заедно со клупските колеги Цезар Фалети и Алберто Помини замина во посета на една болница во Палермо, поточно во одделот за педијатриска онкогематологија.
Се сретнаа со малите херои кои го играат најтешкиот натпревар, им дадоа подароци, автограми и им посакаа да им возвратат со гостување на Ренцо Барбера. Браво за Иле и колегите. Ете затоа им стана идол на навивачите на Палермо кои чекаат во редици за да се сликаат со него.
Шампион е и на терен и надвор од него.