Палермо води грчевита битка за да се врати во Серија А каде директно одат првопласираните две екипи, а синоќа освои многу важни гостински бодови против Беневенто на кој му избега 6 бода.
Сега Палермо е трет со 56 бода, но има натпревар помалку од Лече кој има 57 на втората исто колку Бреша кој е лидер, но со два меча помалку. Според моменталната ситуација на табела на 5 кола до крај, веројатно ова ќе бидат екипите кои ќе се борат за првите две места. Инаку вториот пат е преку плејоф.
Синоќешниот гол на Несторовски број 12 сезонава, не само што му донесе важна победа, туку и еден доста добар податок кој не е занемарување. Ил капитано се наоѓа во топ 10 стрелци на Палермо со вкупно 37 голови, а синоќа го стигна Единсон Кавани.
Според моменталната ситуација на табелата на најдобрите стрелци во историјата на клубот прв е Фабрицио Миколи, а македонскиот напаѓач ја дели деветтата позиција со Уругваецот и со уште еден напаѓач.
Со оглед на тоа што им дише во врат на тројца, му фалат само 6 гола за да стане шести најдобар стрелец. Од четвртопласираниот Лука Тони е оддалечен 14 голови.
Иле е вториот македонски фудбалер кој успеал да стигне до ваков успех во Италија. На листата на 10 најдобри стрелци на еден италијански клуб е и Горан Пандев.
Но тој има 64 гола постигнати за Лацио и е најдобар стрелец меѓу странците. Како што гледате, на листава ги нема ниту Креспо, Клосе и ниту еден друг странец од таа славна банда.
Убави се овие бројки за македонските репрезентативци кои докажуваат дека немаат епизодна улога во италијанскиот фудбал. Нестогол е ултра популарен на Сицилија и откако го облече дресот на Палермо е водечки стрелец на тимот.
Тој уште кога дојде постигна 6 од првите 9 гола на Палермо, а тоа му донесе една неверојатна статистика уште на самиот почеток во Серија А.
Опта тогаш извади податок со петмината најпрецизни стрелци во топ 5 лигите во Европа според процентот на реализација. Илија се најде втор.
Беше вториот странец кој успеал да стане најдобар стрелец во хрватското првенство.