Мауруцио Ѕампарини кој важи за најтерсене претседател во Серија А ги продал и последните акции кои ги имал во Палермо и сега е целосно надвор од клубот со кој газдуваше 15 години.
77 годишниот бизнисмен беше прв човек на Палермо од 2002-та до 2017-та година, а потоа си даде оставка од претседателската функција по што му останаа само акциите.
Сега тој целосно се повлече и се чека официјално соопштение за тоа кои ќе бидат новите газди. Тоа значи дека тренерот и идните тренери во Палермо ќе можат да здивнат и да не се плашат од добивање отказ ако утнат натпревар.
Незгодниот Ѕампарини толку често ги менуваше тренерите што не можат ни да се добројат. Тој е рекордер со 45 тренерски смени и 9 во една сезона (2015/2016) само во Палермо.
Заедно со периодот кога беше газда на Венеција му изброиле дека сменил 59 тренери. Значи тренери, а не тренерски смени.
Тој знаеше да избрка тренер, да назначи нов и ако не победи следно коло веднаш да го врати претходниот.
Клик на сликата да видите кој се не набркал, а многу од нив и се повторуваат.