Александар Трајковски е ноќната мора на Италијанците. Им го збрца во 92-ра минута за победа на Македонија и пласман во баражот за СП 2022 и елиминиција на Италија, која по Русија, го пропушти и Катар.
Тоа е резултатот кој останува закоравен во мозокот на секој Македонец кој беше таму, заедно со проводот во шармантниот италијански град на островот Сицилија.

Падна фешта за сите пари, со стотици македонски навивачи кои открија локал каде се точеше пиво за 1,5 евра. За храната да не зборуваме.
Дрскиот удар на поранешниот напаѓач на Палермо и последниот свиреж на судијата беа неверни за сите кои бевме.

30.000 домашни навивачи на трибините беа потиштени, а Манчини блед како крпа го напушти теренот и од мака не му се излегуваше на прес.
На Ренцо Барбера на крај се слушаше само македонска песна, која ечеше и пред и после натпревар и ден претходно и ден подоцна. Невидени ќејфои беа тоа.