Во потрага по нов дизајн во разни бои на дресови кои би биле уште попривлечни за навивачите, големите светски клубови малку како да застранија, па така гледаме гарнитури кои никогаш не биле препознатлив знак на одредени клубови.
Шкотите речиси секогаш играат во традиционални сино-бели бои и тешко е да се поверува дека оваа брутална репрезентација позната по фајтерска игра некогаш играла во розови дресови. Пред три години така се појавуваа на гостувања, а и пред 100 години играле во оваа боја.
На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?