Нестандардните бои на третата гарнитура дресови на Барселона сезонава ги гневи не само навивачите, туку и самите фудбалери. На прв поглед изгледа како рандом да ги одбрале боите и само ги пуштиле во производство.
Барса сезонава често игра во розови дресови и пастелно зелени шорцеви, нималку блиски со основните клупски бои.
Новиот дрес за новата сезона Каталонците го промовираа прво на пријателската со Жирона пред почеток на сезоната:
А на официјален меч првпат ги носеа на гостувањето кај Хетафе во Ла Лига. Тогаш излегоа со црни шорцеви од втората гарнитура, со тоа што бројките и логото на клубот останаа пастелно зелени, а штуцните беа од првата гарнитура (логото на Најк позлатено како што е во втората гарнитура)
Со Јувентус во Лига на Шампиони играа исто во измешана комбинација: со розеви дресови, црни шорцеви и црни штуцни. Пастелно зелената остана на бројките и на клупското лого.
Според Мундо Депортиво има две причини за овие чудни комбинации.
Прво, на играчите категорично не им се допаднала комбинација на розово и зелено. Освен тоа, овие бои воопшто немаат никаков однос со основните бои на Барселона (иако третата гарнитура обично кај секој клуб е таква, експериментална).
Второ, пастелно зелената боја е непрактична зошто најчесто во фудбал се меша со бојата на тревата (играчите се жалеле дека при движење на соиграчите со топка во нозе, често им е тешко да се ориентираат и да го уловат движењето на соиграчот).
Барселона наводно тестирала и четврта варијанта: розев дрес, зелени шорцеви и црни штуцни но на играчите и тоа не им се допаднало. Против Алавес играа во розеви дресови со црни шорцеви и зелени штуцни