Во потрага по нов дизајн во разни бои на дресови кои би биле уште попривлечни за навивачите, големите светски клубови малку како да застранија, па така гледаме гарнитури кои никогаш не биле препознатлив знак на одредени клубови.
Фудбалерот од средниот ред на Питерборо, Мајкл Боствик стана можеби најголемата жртва на модерниот тренд на дречливи гостински дресови. Боствик не знаеше дали да го пцуе редарот или бојата на дресот на мечот против Нортемптон.