Розова боја многу сакал влијателниот шкотски лорд Примроуз кој бил премиер и обожавал фудбал
Иако делува малку верно, розовата боја на дресови за Шкотска е традиционална речииси како сино-белата. Фудбалерите на оваа земја првпат ги носеле уште во 1881 година, па подоцна до 1951-ва година.
Појавата на розова боја е поврзана со шкотскиот лорд Арчибалд Примроуз од аристократското семејство Роузбери.
Арчибалд два пати во животот бил премиер на Шкотска и ја имал неформалната титула најбогат човек во историјата на земјата. Имал голема љубов кон спортот. Станал првиот претседател на фудбалската федерација на Шкотска и прв претседател на клубот Хартс.
Во 1881 година го основал хуманитарниот турнир - Куп на милосрдие Роузбери кој траел повеќе од 60 години.
Примроуз имал склоност кон розова и жолта боја, а и самото презиме primrose дополнително го убедило да ја види оваа боја во фудбалот. Во 1882 година решил розовиот цвет Thistle (магарешки трн) да стои на грбот на шкотската фудбалска федерација.
Истата година, лорд Арчибалд посакал и репрезентацијата на Шкотска да носи опрема во розова боја. Шкотланѓаните во тоа време носеле дресови со попречни линии во розова и жолта боја.
Репрезентацијата на Шкотска во овие дресови играла од 1881 година до 1903.
Најдобриот меч во историјата во жолто-розови дресови го играле во 1900 година против Англија кога ги уништиле Англичаните со 4-1. После мечот лорд Арчибалд Роузбери го повикал капитенот Џеки Робертсон и му рекол дека неговите бои во вакви денови изгледаат уште поубаво.
Сино-белите бои по кои Шкотска е позната и по националното знаме почнале да се носат во 1907 година, а розово-жолтата варијанта ја користеле само кога ривалите имале сини дресови (Франција 1930, 1932) и Италија (1931).
Веќе на почетокот на 1950-те години, Шкотската фудбалска федерација се откажала од розово и жолто и играле само во сино бели.
Во 2002 година, оригиналниот жолто-розов дрес од епохата на Роузбери ја продале на аукцијата Bonhams за неверојатни 20.000 фунти. Репликата може да се купи и денес за 43 евра.
ВО 2014 ГОДИНА ADIDAS ПРОИЗВЕЛ ОПРЕМА ВО ЧЕСТ НА РОУЗБЕРИ
Традиционални бои на Шкотска станале сина и бела но во февруари 2014 година авантуристички се вратија на розово-жолтата. Adidas бил инспириран од идеите на Роузбери и на почетокот на квалификациите за Европско првенство 2016 Шкотланѓаните облекле дресови во вакви бои.
На изработка на опремата потрошиле 18 месеци. Конечниот производ бил во силни бои и чуден. На социјалните мрежи ги споредувале дресовите со пижами и маици за овошје.
„Што се поблескави бои, толку повеќе ќе се купуваат дресови“, рекол претставник на дизајн секторот на adidas.
И планот успеал. Во првите месеци продажбата на овие гостински дресови пораснала за 30%. Во жолто-розови дресови Шкотска го освоила четвртото место во групата за Европско 2016. Играле на гости против Гибралтар (0:6), Ирска (1:1) и Грузија (1:0).
ВО 2016 ADIDAS ОТИШОЛ УШТЕ ПОДАЛЕКУ
Шкотската фудбалска федерација била задоволна од реакцијата на навивачите и продажбата па решила да проба нешто ново со Adidas. Во јануари 2016 Adidas ги промовирал новите дресови, со силна розова боја и црни елементи на рамената.
Јавноста го критикувала овој потег на Фудбалската федерација на Шкотска но со текот на времето се навикнала. Продажбата била рекордна.
„Мислам дека изгледа убаво оваа боја на дресови. Комплетот со црни шорцеви е идеален“, рекол капитенот на Селтик Скот Браун.
ВО 2016 ФИФА Ѝ ПОНУДИЛА НА ШКОТСКА ДА ИГРА СО АНГЛИЈА ВО РОЗОВО, А ДАРЕН ФЛЕЧЕР РЕКОЛ ДЕКА ТОА Е СРАМ
Во новата розова варијанта, Шкотска играла пријателски натпревари со Италија и Франција и квалификации против Чешка и Словачка. Навивачите веќе се навикнале на оваа боја и немало критики.
Во ноември 2016 Шкотска во квалификациите за Светско првенство 2018 играла против Англија а комесар на ФИФА откако ги прегледал варијантите на дресови, видел дека Англичаните имаат бели домашни дресови и сини елементи а Шкотланѓаните сини дресови со бели ракави.
Англија била домаќин па бојата на дресови ја одбрале тие, а Шкотланѓаните морале да играат во розови дресови. Англичаните на крајот победија со 3:0 а после мечот многу ги критикуваа дресовите на Шкотска
Во овие дресови Шкотска играла само 25% од натпреварите. Иако во прв момент Дарен Флечер, капитенот на Шкотска изјавил дека нема никаква важност каква е бојата на дресот додека се игра за својата земја, после 6 месеци даде поинаква изјава:
„Кога дознав дека ни наредија да играме во други дресови, направив се за тоа да не се случи. Не моравме да играме против Англија во розови дресови. ФИФА има прости ненормални правила“.
На реваншот во Шкотска имало дискусија дали против Англија пак да се игра во розови дресови, но на крајот се решиле за традиционалните сино-бели и во јуни 2017 одиграле 2:2 против Англичаните.
По Светското првенство 2018 фудбалската федерација на Шкотска решила да се откаже од розова боја и во октомври 2018 во квалификациите за Европско првенство Шкотланѓаните играа во комплетно жолти дресови со сини шорцеви.
Во розови сега игра женската фудбалска репрезентација на Шкотска која како прва во групата се квалификуваше за Светскиот Куп 2019.