Луд трипл-дабл на Никола Јокиќ, после Голден Стејт ѝ одржа лекција и на Индијана

Српскиот репрезентативец, трикратен МВП на НБА лигата одигра уште еден лудачки натпревар и го забележа шестиот трипл-дабл сезонава.

Во победата 117-100 на Денвер Нагетс над Индијана Пејсерс, Јокиќ само ноќ по славјето на Голден Стејт Вориорс во натпревар во кој само една асистенција го делеше од трипл-дабл, сега стигна до ново такво остварување.

Постигна 32 поени со 14 скока и 14 асистенции. Никола шутираше 12/14 за два и погоди 11/12 слободни фрлања. Ова е шести трипл-дабл учинок на Србинот на 9 овосезонски натпревари и вкупно 188-ми (170 во основниот дел од сезоната) во НБА кариерата:

 

Денвер Нагетс овој натпревар го одигра без своите првотимци Џамал Мареј и Арон Гордон но тоа не ги спречи да дојдат до нов триумф, втор по ред и шеста победа во својата арена за 6/6 сезонава во Колорадо.

Покрај Никола Јокиќ, одлична вечер имаа уште и Тим Хардавеј Џуниор со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции, Пејтон Вотсон постигна 16 поени и 7 скока а по 12 поени имаа Кем Џонсон и Џулијан Стротер.

Кај Пејсерси чиј најдобар играч во отсуство на Тајрис Халибуртон е Паскал Сијакам, вториов постигна 14 поени со 6 скока и 5 асистенции а поефикасни беа Арон Најсмит со 25 поени и Ендру Нембхард со 22 поени и 6 асистенции.

9 ноември 2025 - 09:27