Откако замина од Арсенал му се изгуби трага. Кратко дремеше во Јувентус, па луташе по Норвешка за да на крај си го најде гнездото дома, во Данска. Навивачите на Копенхаген се збудалени за неговото доаѓање: дресови со неговото име рекордно продадени во клупскиот фан шоп, маици одат како алва. Пола град дојде да го гледа неговото деби и го дочека. Против Мидтјиланд влезе во игра во 71’ минута.
Еден од најисмејуваните напаѓачи со сомнителни квалитети или солидни за Скандинавија, направи трансфер од Розенборг во Копенхаген. Дресовите во неговиот роден град се продале како алва, ама данскиот напаѓач на првиот тренинг се појавил со две леви нозе.
Лордот Бендтнер (31) во моментов игра во Розенборг, ама очигледно блесави видеа и фотографии по социјалните мрежи му се поинтересни од мрежите на противничките голмани. Последно постираше видео на кое се гледа разголена неговата девојка Филин Рупстроф.
На Никлас Бендтнер кој доби 50 дена домашен притвор поради напад врз таксист, многу му е тешко. Како ќе издржи човекот дома вака стварно не ни е јасно. Да го жали човек.
На толку јадење бабури дека во затвор ќе одел Роналдо, па Меси, Роналдињо, Нејмар и уште не знам ти кој ради истата причина, а тоа е неплаќање данок, ете ја несреќата која го скрши мразот. Ама во домашен е сепак и тоа за глупост со таксист.
На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?