По сите сеири и тролови за него, а нас омилена ни е компилацијата со голови за Јуве, ете го врвот кој Никлас Бендтнер го достигна во кариерата. Се наоѓа во домашен притвор. Ама стварно, не е дека читате вест за македонски политичар.
Од денеска па се до 22 февруари, познатиот дански напаѓач ќе ја одлежува 50 дневната казна за која самиот се пофали на Инстаграм. Бендтнер носи електронска алка на ногата со помош на која ќе се следи секое негово движење.
За да не излезе од форма тој ќе може да тренира, ама не со колегите од Розенборг, туку со специјален тим кој му е договорен да му доаѓа во двор.
30 годишниот напаѓач беше осуден на 50 дена затвор во Данска поради напад на таксист, но откако поднесе жалба, затворската казна му беше заменета со домашен притвор.
Црепот признал дека удрил таксист со образложение дека се чувствувал загрозен. Тој заедно со девојка му излегле од кола без да платат за услугата, а за таксистот тврди дека ги гаѓал со шише или конзерва. Освен притворот, судот донесе одлука на таксистот да му плати парична казна од 2.000 евра.
Бендтнер е вечно реметен напаѓач поради тоа што добиваше шанси во големи клубови, а никогаш не се докажа. Во 13 години кариера има вкупно 112 голови, а тоа не се ниту 10 по сезона.
Седум годишниот стаж во Арсенал му помина со само 45 голови. Топџиите го даваа на позајмици во Бирминген, Сандерленд и Јувентус, а потоа стана играч на Волфсбург и Нотингем Форест.
Најдобро се чини се скраси во Розенборг каде за две сезони постигна 35 гола од кои еден против Вардар во групната фаза од Лига Европа.