Сигурно не е убаво да си во кожа на Бентнер оваа сезона. Данскиот интернационалец не го сакаа во Арсенал, па го позајмија во Јувентус каде оваа сезона одигра 10 натпревари и не постигна ниту еден гол.
Напаѓачот не е омилен ниту во својата земја каде минатата недела заработи 6-месечна суспензија од данската федерација откако беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба.
Данските новинари решија да проверат дали го сакаат барем во Италија, но се запрепастија кога дознаа дека ни таму никој не го сака. Тоа им го потврдил менаџерот на клупскиот фан шоп кој изјавил дека немаат продадено ниту еден дрес со неговото име, нешто што не е вообичаено за играчите на актуелниот италијански шампион.
За тоа колку е тој „популарен“ кај фановите на Јувентус, говори и сеирџиското видео кое тие го составија со сите негови голови во дресот на „старата дама".