Таг: никлас бентнер

Грне внимавај на дечкото кој не продаде ниту еден дрес за Јуве, во топ форма е

Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.

Најдобриот твит во корист на Бентнер

По толку многу тролања на негова адреса се појави еден извонредно добар и сосема неочекуван факт поврзан со Никлас Бентнер. Не дека данскиот напаѓач треба да се фали што дал два гола за англиски второлигаш, ама па им помогнал човекот и тоа повеќе од што мислите.

Лорд Бендтнер се врати на голема врата

Данскиот напаѓач во моментов игра во Норвешка за Розенборг, екипа на која ѝ донесе три бода од мечот со Сарпсборг со фантастичен гол.

Бендтнер врати се во Арсенал за да поминат осминафинале

Проклетството на Топџиите во топ 16 фазата од Лигата на шампионите трае веќе седум сезони, а најголемата иронија е што последен пат ја минале со помош на хет-трикот на еден од најисмејуваните фудбалери.

Потрошениот талент на лордот Бендтнер

Данецот беше дел од еден од најмладите состави на Арсенал. Немаше од кого да земе пример и со егоистичниот начин на живот ги тераше соиграчите, тренерите и газдите на клубовите да му ја покажуваат вратата. И со промашените шанси за гол секако.

Документарец за Лорд Бендтнер

По трејлерот за документарниот филм за Кристијано Роналдо, наскоро нè очекува и документарец во кој Лорд Никлас Бендтнер раскажува за својата фудбалска кариера.

Шверцерот Анелка и титулата на Јувентус

Французинот го раскина милионскиот договор во Кина, само за да потпише со Јувентус во 2013. година како замена за повредениот Никлас Бендтнер. За пет месеци, за Јуве играше само три пати и без никаков придонес се радуваше на скудетото.

Ван Гал и Бентнер за Крис Смолинг

Кариерата ја почна во 2007 година во регионална лига во Лондон каде се натпреваруваат полупрофесионални клубови. Потоа замина во Фулам кој пред четири години на Манчестер Јунајтед му го наплати 11 милиони фунти.

Само на тренинг знае вака

Човекот кој веќе неколку години е топ тема за сеир, бидејќи не влага во игра, а се повредува и во меѓувреме се глупира со селфија, се истакна во голем стил. Бентнер за време на тренинг со Данска која ќе игра квалификациски натпревари за Европско против Албанија и Португалија.

Новогодишниот офсајд лик: Никлас Бентнер

Во првиот ден од годината традиционално фудбал играат само Англичаните и Шкотланѓаните, а тоа беше сосема доволно да го избереме и првиот офсајд лик во 2014-та. Замислете, сефте голот за Арсенал во новата година го постигна Бентнер но...

Најнепопуларниот фудбалер не продал ни еден дрес од Јуве

Фудбалерот на Арсенал кој како позајмен играч оваа сезона настапува за Јувентус, данскиот интернационален Никлас Бентнер е толку непопуларен во Торино што во клупската продавница до сега немаат продадено ниту еден дрес со неговото име.