Арсенал синоќа стана првата англиска екипа со примени 200 голови во Лигата на шампионите.
На четири од последните шест меча во првата осминафинална рунда примиле по минимум три гола.
Ова беше нивниот најлош пораз во Лигата на шампиони и практично со истиот се соочија кога последен пат гостуваа на Алијанц арена во 2015-та.
Поседот на топка им беше 26% и ако продолжиме со нивната статистика на оваа тема, ќе нема крај. Осминафиналето во Лигата на шампионите едноставно за нив стана проклетство веќе седум сезони.
Не дека имаат некоја среќа и на ждрепката која во последните шест сезони, дури три пати им го носи Баерн Минхен. Сите шест дуели на првите средби ги имаат загубено и потоа на Емирати не успеале да одговорат.
Иако на прва изгледа како мајтап, сепак е вистина. Последниот нивни пласман во четвртфинале е во сезоната 2009/2010 кога по поразот од Порто од 2:1, на реваншот славеа 5:0 со хет-трикот на Никлас Бендтнер кој е играч број 1 за тролање на социјалните мрежи со години.
Арсенал го прати на три позајмици, а најмногу ќе се памети неговата компилација на голови за тимот на Јувентус.
Ако сте му го изгубиле трагот, да знаете дека во моментов е член на второлигашот Нотингем Форест за кој има постигнато два гола.
Неговиот хет-трик против Порто