Малерозниот напаѓач ја отвори голгетерската година за својот тим и веднаш се повреди, а за него жали и Арсен Венгер кој реши да му ја даде осмата шанса оваа сезона по 20 одиграни кола во Премиер лигата.
„Помина низ лош период, па затоа решив да му дадам кредит. Но за жал тој се повреди и нема да се врати на терените за неколку дена, туку за неколку недели. Тажен сум за него", изјави стратегот на лидерот на табелата во Англија.
„Топџиите" мака мачеа на дуелот против Кардиф Сити се до 88 минута кога данскиот напаѓач Никлас Бентнер ја затресе мрежата и со тоа стана јунак на мечот на кој потоа погоди и Тео Волкот за конечни 2:0. Но само што ја смести топката во мрежата за прв гол на Арсенал во новата година, се судри со голманот и го свитка зглобот.
25 годишниот напаѓач е во најзрелите години за конечно да се покаже, но никако да му тргне. Во Арсенал е од 2005 година, но постојано оди на позајмици. Најпрвин во Бирминген, па во Сандерленд, а најголемата утка му беше Серија А каде ниту постигна гол, а ниту продаде и дрес.
Дека ќе постигне новогодишен гол не веруваа ниту навивачите на Арсенал кои не сакаат да ризикуваат со облози во кладилница. Еден од нив имаше малку поинаква идеја, па јавно кажа дека доколку Бентнер даде гол против Кардиф ќе се посипе со мармалат.