Бендтнер беше член на Арсенал долго време, од 2005-та до 2014-та, но во тој период беше на позајмица во три клубови: Бирминген, Сандерлент и Јувентус.
Кога постигна новогодишен гол за „Топџиите“, навивач на Арсенал се посипа со мармалат, за да го исполни даденото ветување. Во Серија А само го засили статусот на најнепопуларен фудбалер, бидејќи Јувентус не продаде ниту еден дрес од него.
Потоа смени лига и заигра во Волфсбург, па направи неочекуван трансфер во Нотингем Форест и еве го од оваа година во Розенборг, клубот каде се пронајде и каде никој повеќе нема право да го мајтапи.
Данецот кој има 75 репрезентативни настапи, на 22 меча за норвешкиот првак има 14 гола и заостанува само еден гол зад лидерот. Голгетерска форма која Чеде Јаневски и неговата одбрана не смеја да ја занемарат.
Бендтнер беше двоен стрелец на последниот меч за својот тим кој славеше 0:3 на гостувањето против Лилестром. Тој се здоби и со повреда на овој меч, но информациите велат дека сепак ќе биде во составот за Лига Европа.
Норвешкото првенство стартуваше на 1 април и Розенборг во моментов е лидер на табелата со 50 бода и 9 повеќе од вториот Сарпсборг. По 23 одиграни кола имаат само 3 порази, како и 5 нерешени и 15 победи.
Последниот нивни пораз во домашно првенство датира од 20 август, кога загубија на домашен терен од Хаугесунд 0:1. Вардар е непоразен во првата македонска лига уште од отворањето на 12 август кога беа загубија од Шкендија со 2:0.
Од тогаш имаат 4 победи и едно реми и со 13 бода се на третата позиција во првенството со два натпревари помалку.
Иако Розенборг по квалитет не е на исто рамниште со Зенит и Реал Сосиедад, сепак македонскиот првак мора максимално да влезе на овој дуел, бидејќи зборуваме за екипа која во плејофот за ЛЕ го елиминираше Ајакс, финалист на ова натпреварување кој пред 4 месеци загуби од Манчестер Јунајтед.
24 кратниот норвешки шампион има огромно искуство на меѓународна сцена. Во периодот од 1991-ва до 2004-та освои 13 првенствени титули и 11 пати се пласираше во Лигата на шампиони. Врвот им се случи пред точно 20 години кога влегоа во топ 8.