1. Франк Рибери - На некое време ја прекинал фудбалската кариера поради финансиски проблеми и половина година работел како градежен работник на патишта.
2. Кристијано Роналдо - На 17 јуни 2010 година Роналдо станал татко, а неговиот син Кристијано-помладиот го родила сурогат мајка.
3. Давид Трезеге - Во 1998 година Французинот со аргентинско потекло го дал голот со најсилно упатен удар во Лигата на шампионите. На дуелот против Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ЛШ топката одела со брзина од 157,33км/ч.
4. Зинедин Зидан - Освен со фудбал, Зизу се занимавал и со џудо од кое има зелен појас.
5. Луис Фиго - Португалецот е познат филателист. Во 2002 година Светската асоцијација на филателистички каталози, албуми и весници му ја дала наградата „Гран При 2002“ за високи достигнувања во спортот како играч на репрезентацијата на Португалија. Преданост му било собирањето разни маркици.
6. Дејвид Бекам - Неговиот дедо по мајчина линија бил евреј, а самиот Дејвид се смета себеси за половина евреин и признава дека на тоа влијаела религијата.
7. Роналдо - Откако ја заврши кариерата, Рони отворил менаџерско биро. Неговиот прв клиент станал фудбалерот на Сантос, Нејмар.
Во декември 2010 година по признание на татко му Александре, Роналдо направил вазектомија така што по многумина најголемиот фудбалер на сите времиња решил да ја „затвори фабриката за производство на таленти“.
8. Оливер Кан - Најдобриот германски голман во ХХ век пазел на својот имиџ и не дозволил исползување на своето име во компјутерски игри. На речиси сите игри во негово време кои излегле во Германија се појавувал под името Јенс Мустерман: презимето Мустерман било едно од најчестите на сите анкети и реклами во Германија а со тоа сакал да го провоцира конкурентот за место во репрезентацијата Јенс Леман.