Таг: давид трезеге

Француската колонија во Јувентус

Мишел Платини, Зинедин Зидан, Давид Трезеге, Тјери Анри, Дидие Дешамп, Патрик Виера, Лилиан Турам, Патрик Евра, Пол Погба, Блез Матуиди и сега најново Адриен Рабиот. Јувентус не купува француски фудбалери, туку легендарни француски фудбалери. Нема овде ни едно залутано име.

Парадоксот на нападот на Франција на СП 2002

Речиси и да нема Мундијал без некоја селекција да не нагази на мината позната како „изненадување“ и да си ги спакува куферите уште во групна фаза. Епа ова на Франција беше бетер и од изненадување. Се изгорија како никој.

Анегдотите на тренерите со традицијата пиење вино во Премиер лига

Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.

Во оваа луда ера на милиони, нема никогаш да има господин како Дел Пјеро

Игуаин 90 милиони, Роналдо 94 , Бејл 100, Погба 105, Дембеле 105, Мбапе 180, Нејмар 222 се најскапите 7 трансфери во историјата, кои замислете заедно прават сума од скоро 900 милиони. Тоа се историски моменти со доза на забеганост, кои никогаш нема да бидат поубави од оваа приказна.

Интересни факти за Рибери, Трезеге, Роналдо, Фиго, Кан

Во однос на статистиките горе-долу денес сè познато. Од таа причина занимливо звучи кога ќе се дознае некој момент надвор од теренот.

Генерацијата која последна ја победи Италија сега е во пензија

Во Скопје доаѓа четирикратен светски и еднократен европски и олимписки првак. Италија на „Филип Втори“ ќе истрча како селекција која нема пораз во квалификации за СП или ЕП цели 3685 дена или 51 натпревар!

Незаборавни моменти од Европските првенства

Со мечот Франција - Романија во петок од 15:00 часот започнува Европското фудбалско првенство, 15. јубилејно издание. Во таа пригода одвоивме неколку моменти од најголемите турнири на континентот одржани во блиско минато.

Бев бунтовен како Јоко Оно и Џон Ленон

Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.

Голот кој буди емоции кај Јувентините

Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.

Давид Трезеге никогаш не греши

Францускиот напаѓач со аргентинско потекло денес полни 38 години. За таа пригода избравме 10 убави голови од неговата кариера во Монако, Јувентус, Ривер Плата, Еркулес и француската репрезентација.

Првиот погодок на Трезегол во Индија

Французинот успешно ја почна мисијата за поквалитетен фудбал во Индија, откако неговиот Пуне Сити ФК победи 2:0. Дел Пиеро, Капдевиља, Пирес и Љунберг веќе одиграа три кола во индијското првенство и се уште немаат дадено гол.

Индиско Супер селфи

Новоформираната Индиска Супер лига стартуваше викендов, а за промоција се погрижија Трезеге, Пирес, Дел Пјеро, Љунберг, Силвестре, Џејмс, Луис Гарсија и Капдевиља кои играат во 8 различни екипи, колку што има во лигата.

Славни ветерани ќе го популаризираат фудбалот во Индија

По Пирес, Љунберг, Луис Гарсија и Капдевиља, сега и Давид Трезеге ќе му се придружи на елитното друштво во индиското фудбалско првенство. Револуционерните промени кои ги ветија Индијците почнаа да ги остваруваат, а целта на стартот е да донесат славни имиња и да ги наполнат стадионите.