На Европското 2000-та организирано заеднички од Белгија и Холандија имаше доста интересни моменти. Како на пример смешниот пенал кој Колина им го даде на Холанѓаните по дуелот на Недвед со Клајверт: Пеналот го реализираше Франк Де Бур.
И храбриот Јап Стам на кого Јан Колер му ја пукна аркадата во дуелот на титаните, па го шиеја "на голо", на отворена рана по што се врати во игра к’о ништо да не било:
На мечот Португалија - Англија (3:2) паднаа пет страшни голови, од кои најубав беше тој на Луис Фиго:Сигурно се сеќавате на Хозе Молина, голманот на Ла Коруња кој бранеше чуда а во исто време примаше евтини голови. Така на дуелот со Норвешка на ЕП 2000-та, Молина направи страшен кикс, а Штефан Иверсен им даде гол на Шпанците. Фуријата загуби три бода, а Молина до крај на првенството седеше на клупа.
Малоумниот потег на Синиша Михајловиќ во 57. минута од мечот Југославија - Словенија кога Заховиќ зголеми на 3:0 за Словенците и делуваше дека тоа ќе биде конечен резултат:
Во најлудиот меч до финалето на тоа ЕП 2000-та, Југославија од 67 до 73 минута даде дури три гола и освои драгоцен бод - 3:3. Херој им беше Саво Милошевиќ со два гола, а Друловиќ даде еден:
На дуелот со Романците еврогол даде Мехмет Шол од Германија:
Раскошниот гол на Антонио Конте против Турција:
Сержо Консеисао направи кловн од Оливер Кан и му даде три гола. Португалија влезе во разигрување за медал.
Во четвртфиналето Холанѓаните ја уништија Југославија со 6:1. Тогаш Клајверт го наполни голот на Ивица Краљ со хет-трикот, а еден автогол си даде Дејан Говедарица:
На тој меч Марк Овермарс даде страшен гол од далечина:
Најубав гол во четвртфиналето даде Зидан против Шпанија:
Колина досуди уште еден пенал на Европското на мечот Шпанија - Франција (1:2), но Раул ја прати топката преку гол а Шпанците испаднаа од Триколорите:
Франческо Толдо го одигра најдобриот меч во животот кога одбрани пет пенали против Холандија во полуфиналето на ЕП 2000-та (два во регуларен дел и три во пенал серијата). Италија е во финале!
Уште едно драматично полуфинале одиграа Франција и Португалија. Легендарниот Абел Ксавиер играше со Рака а Зидан од пенал реализираше и симпатичната репрезентација на Португалија испадна пред финалето:
Во финалето Франција - Италија, Аѕурите поведоа по фантастичната петица на Тоти и ефектниот финиш на Марко Делвекио. Со тој гол Италијанците беа близу до шампионскиот пехар:
Но Силвиан Вилтор во судиското продолжение израмни на 1-1:
А во 103-та минута од продолженијата, Давид Трезеге го постигна златниот гол за Франција која го освои вториот пехар за две години:
Освојувањето на ЕП 2004 на Грција
Кога со свои очи го видовме чудото на Лестер сезонава, никако од глава не ни излегуваше сензационалното славје на Грците пред 12 години. Ото Рехагел, Германецот кој беше селектор на Грција ги одведе Хелените до тронот со гранитна одбрана и железна дисциплина. На целиот турнир Грците примија само четири гола од кои половина од Русија во незначаен меч од групната фаза.
Камбекот на Турција против Чешка во 2008-ма
Репрезентацијата на Турција ги направи најголемите пресврти на ова првенство, одиграно во Австрија и Швајцарија. Турците во мечот за пласман во следната фаза, во последниот дуел против Чешка губеа 2:0 после 60 минути. Во 75. минута започна нивната канонада кога Арда Туран постигна ефектен гол, а Нихат Кавечи како капитен даде два гола во 87-ма и 89-та минута за неверојатен пресврт на Турција.
Радувањето на Балотели
Варшава. Полуфинале на Европското 2012-та, организирано од Полска и Украина. Марио Балотели му даде ефектен гол на Мануел Ноер трчаше од радост покрај Филип Лам, се соблече и направи потег кој подоцна беше мотив и инспирација за смешни клипови и мемови по социјалните мрежи. Фудбалерот со број 9 покажуваше мускули.