Таг: Југославија

Опасно ретро од Југославија - САД за златен медал

Финале на Олимписките игри во Атланта 1996. Каков клип, какви ликови, какви времиња. 5 минути не трепнавме.

Кога Бранко од Југославија сам се чудеше на својот еврогол против Англичаните

Време е за пријателски тест средби во очи на европскиот празник во Германија кој стартува на 14 јуни. Налетавме на ретро старо 50 години од пријателска меѓу Југославија и Англија. Словенецот Бранко Облак за глава се држеше откако сфати каде му ја смести на голманот.

Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Од каде била преземена традицијата на слетови за некогашниот Ден на младоста?

Еден од симболите на социјалистичка Југославија, големиот гимнастички „хепенинг“ на 25 мај во Белград, е преземен од Соколскиот сојуз, формиран во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Негова цел била создавање физички здрава младина, задоена во „духот на словенската солидарност“. Најголем проект на движењето била изградба на дотогаш невиден стадион во Белград, кој се отворил со сесоколски слет во јуни 1930.

Да видиш како на некого му текнало да прави пари од твоето ѓубре

Сите оние екс-Ју реликвии за кои од Вардар до Триглав има консензус дека треба да завршат во гаража или во викендица некој лик почнал да ги собира, ги зачистил, ги фотнал убаво и сега ги продава за стотици долари.

Единствениот Македонец кој дал гол на Маракана против Бразил и Пеле

На 17 декември 1968-ма, Бразил на пријателска средба ја пречекува Југославија на која репрезентативно деби има вардаровата легенда, Методија Спасовски. Ама деби од соништата со какво што не може да се пофали друг Македонец. Против Бразил, на легендарната Маракана која крцала со 150.000 гледачи, а за противник на терен го има Пеле. Како поминува?

Не е ова фото на денот, туку на векот

Дарко Панчев, Ален Бокшиќ, Пеџа Мијатовиќ, Давор Шукер, Дејо Савичевиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Ѕвонимир Бобан, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ, Синиша Михајловиќ...Доста е а дечки? Морници доаѓаат кога ги чита човек. Ако не знаеш за нив, прашај го татко ти. Единствени се.

Решавачката битка на Југославија против Бугарија и прославениот коментар „Људи мои, је ли то могуќе?“

Спомнете му го мечов на фудбалски југоносталгичар и ти сецка салата со ракија, одма на лице место. Плус кога ќе се сети кој коментираше, нема станување.

100 години од раѓањето на првата југословенска режисерка

Софија „Соја“ Јовановиќ режирала многу пред (само) трите колешки кои до сега го имаат добиено Оскарот - Кетрин Бигелоу, Клое Жао и Џејн Кемпион. Во Југословенската кинотека во тек е изложба посветена на нејзиното театарско и филмско творештво.

Сопственикот на циркус кој умре бранејќи го својот лав

Канарски острови. 1930-тите. Кога од Големиот југословенски циркус кој гостувал таму избегал лав, жандармите почнале да пукаат. Марко Ѓорѓевиќ, директорот на циркусот, умрел бранејќи го.

Објект 99, најскапата вила на Тито

Објект 99, Вила Извор, Титовата вила, се имињата за некогаш најскапата вила во портфолиото на Јосип Броз Тито со површина од 6.500 метри квадратни (ако ви е полесно - 65 станови по 100 квадрати) сместена во близина на Плитвичките езера. Официјалното име и е Зграда на републичкиот протокол, додека приказната зад името „Објект 99“, наводно, е доста помрачна.

Јованка Броз во боја

Фустаните на Првата дама на Југославија за прв пат ќе бидат видени во живо, во боја и на изложба во холот на зградата на РТС.

Балада за Јуре Здовц

Два часа пред финалето, расплакан му тропнал на врата на селекторот Ивковиќ. Ако заигра, за Словенија ќе биде предавник, ако не заигра, ќе ги издаде другарите од соблекувална. На сите нив тие денови им се распадна Југославија, само на Јуре му се распадна цел свет.

Васил Тупурковски доби пиво 83:82 во чест на еден култен меч

Како пургерски Македонец му предал шибенско пиво на поранешниот претседател на кошаркарскиот сојуз на Југославија...

А го имате ли Панини 92 со Панчев, Најдоски и другарите?

Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.

Триумфот на Југославија над СССР за кој Тито ги наградил фудбалерите по 100 долари, а Сталин своите ги казнил

Иако се работело за Олимписки игри, сепак тоа повеќе личело на политичка пресметка на две комунистички страни: Тито vs Сталин. Победниците биле херои на нацијата, а поразените, губитници кои биле деградирани.

Кога во Загреб ја исвиркаа химната на Југославија пред да патува на СП 1990

Само 20 дена по најпрочуените инциденти на Максимир на дербито Динамо - Звезда, Југославија на истиот стадион ја играше последната подготвителна средба пред да патува на Мундијалот во Италија. Гостуваше Холандија како актуелен европски првак, а играчите се соочија со анти мотивациски момент, ретко виден во историјата на фудбалот.

Тони Кукоч освои практично сè во Европа и НБА, но не го ценат доволно

Детето од сплитската рива морал да помине мошне трнлив пат и да ги придобие симпатиите на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои неправедно биле груби кон него дури и тогаш кога не го познавале.

Големиот успех на Југославија на СП 1990, која за влакно не ја скроти и Аргентина

Ви го раскажавме патот на легендарните избраници на Ивица Осим до Мундијалот во Италија, каде стигнаа убедливо како први во група и тоа без пораз. Сега ќе се потсетиме како минаа на тој голем и последен нивен таков собир на кој шампион стана Германија.

Патот и головите на непобедливата Југославија до Мундијалот 1990

Ова во наслов „непобедливата“, не е кажано колку за илустрација колку биле јаки, туку дека до нивното последно учество на едно Светско првенство, навистина стигнаа без пораз. Прашајте го Мишел Платини кој беше жртвата.

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Епскиот балкански дуел на кој Македонија помогна со гол во 94-ра минута Србија да оди на ЕП

Европските квалификациски средби не вратија назад во времето две децении, на една незаборавна и ризична битка меѓу Хрватска и Југославија. Натпревар со многу славни имиња, емоции, лоши меѓусебни односи и тешки моменти за нашите северни соседи.