Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.
Предмети и (слики од) згради од поранешна Југославија под наслов „Бетонска утопија“ некое време беа изложени во њујоршкиот Музеј на модерна уметност (МоМА). Ние знаеме како го имаме доживеано и изживеано сето ова, дај да видиме странциве што викаат.
Инспирирани од вчерашниот ден на СФРЈ кој на времето се празнуваше на 29-ти ноември, одиме со најносталгичната фудбалска приказна на овие простори. Последната нивна победа, последниот меч и начинот на кој и беше ставена бодликава жица да не може да припари на ЕП 1992.
Најголемиот фудбалски успех на СФРЈ кој денеска го одбележа и ФИФА е приказна за себе. Тоа беше најава за доаѓањето на една неповторлива генерација, која за жал немаше можност да остане заедно и да му покаже на светот дека Чиле 1987 не беше случајност.
На еден од последните натпревари пред Светското првенство 1998 во Франција, Југославија ја пречекала Нигерија на пријателска средба. А мечот го коментирал Милојко Пантиќ кој не пропуштил шанса да се позафркава.
Извадок од холандски документарец од 1972-ра од егзотичните краишта на Европа, во кои се случува еден бајковит хепиенд по векови војни, насилства и балканштини.
На легендарната Маракана во Рио де Жанеиро на 18. јули 1971 година се одиграл пријателски меч меѓу Бразил и Југославија (коментаторот ја нарекува европски Бразил) по повод опростувањето на О’Реи од националниот дрес.
Пред 30 години емитувана е првата епизода од социјалистичката сапуница „Подобар живот.“ Авторот на текстот неодамна повторно ги гледа сите 82 епизоди. Резултат: серијата има многу повеќе што да ни каже за социјалистичкото минато и капиталистичката сегашност отколку современите културни производи и политички трендови.
Додека во СССР и поголемиот број други источноевропски земји водачите и комесарите ја контролирале младинската култура како начин да ја задржат својата моќ, во Југославија комунистите им ја понудиле културата на своите граѓани, посебно на младите, како издувен вентил низ кој можеле да ги намалат општествените трауми и да создадат илузија на слобода.
25 октомври е датум кој е влезен во аналите на југословенскиот спорт и ден кој се одбележува во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија. Најдоброто од овие простори му покажа на светот како се игра фудбал.
На денешен ден 2000-та, на Европското во Холандија и Белгија, после неверојатните киксеви на Синиша Михајловиќ, Словенците на крилата на Заховиќ водеа 3-0 против Југославија. Миха доби и црвен картон па сите веќе ја прогласија Словенија за победник. Но не и Саво Милошевиќ...
Да, тогаш немаше интернет. Да, тогаш немаше он-лајн вести и агрегатори. Да, тогаш можеше да фатиш само 3 телевизиски канали. Да, тогаш немаше Фејсбук. Да, знаеме сè што немаше. Може сега да почнеме?
Како што многу ни е криво што немавме можност да видиме како ќе поминеа Панчев, Савичевиќ, Просинечки и компанија на ЕП 1992 кои ги имаше во албумот на Панини, исто ни e и за Дивац, Кукоч и Дражен Петровиќ кои таа година ја испуштија Олимпијадата во Барселона. Ах каква збирштина од великани беа тоа.
Реткост е автор со потекло од Косово да се најде, и тоа со дебитантско дело, помеѓу одбраните за превод на англиски од престижен издавач. Но дали вметнувањето на зборот „Југославија“ во наслов кој треба да асоцира на „егзотично“ потекло и тешка имигрантска судбина знае да биде и маркетиншки трик?
Само вистинските југоносталгичари не го заборават 7 мај 1991-ва, датумот кога се одигра еден од најспектакуларните кошаркарски натпревари во историјата на Југославија. Најдобар забивач – Тони Кукоч, најдобар тројкаш – Аријан Комазец.
Омиленото балканско хоби - претурање по историјата, само што доби интервентна доза стероиди во форма на 12 милиони страници документи на ЦИА од кои е тргната ознаката државна тајна, а таму: Тито, СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија.
Во прашање е бизнис-ориентација, а не филозофија на потрошувачко општество, гласеше мотото под кое загрепската маркетинг-агенција Озеха од 1945-та на југословенските претпријатија им го продаваше капитализмот спакуван како социјализам.
Kaков Жил Верн, каков „Вест ворлд“, какви црни дистопии. Видете колку полни со самоувереност и оптимизам биле прогнозите на новинари од некогашна Југославија. Од сето она што не им се остварило, најтрогателно е всушност најбазичното - што за иднината која ја предвиделе им снемало Југословени.
На секој 25 октомври Бобан, Шукер, Јарни, Просинечки, Штимац, Мијатовиќ и останатите деца на Мирко Јозиќ треба да се собираат во кафана и да почнат со муабетот „Сечате ли се шта смо урадили“. ФИФА на својот веб сајт денеска им посвети простор по повод 29 години од освојувањето на златниот пехар.
Хаџибегиќ беше вториот Босанец со најмногу настапи за селекцијата на Југославија. Играше на Мундијалот во Италија, а го имаше и во албумот Панини ЕП 1992 каде како учесник Данска ја уфрлија место нас. Се навраќа на еден многу важен историски момент.
Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.
На денешен ден пред точно 56 години Франција и Југославија го одиграа првиот меч на Европските првенства кој всушност остана еден од највозбудливите и заврши со лудачки пресврт за 4 минути.