Политиката и спортот од секогаш било нагласено дека мораат да бидат две одвоени категории, но историјата покажува дека тие често пати знаат да се измешаат, обично на негативен начин.
Иако на војната во поранешна Југославија од ден на ден и се појавуваше се посилен пламен, таа 1992-ра година сите фудбалери беа на куп: Срби, Црногорци, Босанци, Македонци, Словенци. Недостасуваа само Хрватите.
Подготовките за Европското првенство во Шведска беа во полн ек, но беа исполнети со огромна неизвесност. Југославија преку квалификациите се избори за пласман, но тие денови беа како вечност.
Сите со нетрпение до последен миг гаеја надеж дека на Југославија ќе и биде дозволено учеството. За жал, на 30 мај 1992-ра година, Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата 757 каде стоеше: Да не се дозволи учество на Југославија во спортски натпревари.
Соништата на една генерација се расфрлија на парчиња. Експертите ја сметаа Југославија за најголем фаворит на првенството, но политиката, а не квалификацискиот циклус беше таа која спречи играчите од различни националности на една земја во исчезнување да се качи, можеби на покривот на Европа.
Наместо подготовки за натпревари, југословенските фудбалери беа избркани и “оградени“ со бодликава жица. Притисоците за Југославија да се исфрли од тоа Европско биле страшни, а водачи биле новинарите од Италија, Франција и Англија.
Газета дело Спорт излегла со насловна: „Да се исфрли таа лажна земја, затоа што тоа не е само избор, туку и обврска“. Потоа следувала и закана од тогашниот британски премиер Џон Мејџор дека ќе направи сè за да се спречи дуел на Англија и Југославија во првото коло на првенството.
Првобитно биле воведени санкции, но спортот не бил опфатен. Меѓутоа притисоците од светот, особено од Европа биле толку јаки што на крај, пред самиот почеток на ЕП дошло до најсрамната одлука во однос на дисквилификувањето на еден тим.
Политиката го поништи тоа што момците го направија на спортските борилишта. На Европското првенство во Шведска, наместо Југославија ја пратија Данска како второпласирана репрезентација од таа група, а за иронијата да биде поголема токму таа стана првак на Европа.
Ќе остане незаборавна изјавата на тогашниот славен репрезентативец на Данска, Михаел Лаудруп:
„Го одбивам повикот на селекторот да играм за репрезентација која не е квалификувана на ЕП“.
Емоциите и кај учесниците на оваа драма, но и кај обичните луѓе се сè уште силни. Колку и да била тешка ситуацијата во некогашна Југославија, никој не останал рамнодушен, бидејќи освен Хрватите сите сакале да играат.
Сакале да победи спортот. Сакале да победи заедништвото. Сакале да победи сонот. За жал, сонот на оваа генерација никогаш нема да биде остварен. Ќе остане само горкото сеќавање на неправдата, која ниту пред, ниту после таа 92-ра не му се случија на друг.
Последната победа на СФРЈ:
Последниот меч на СФРЈ: Холандија - Југославија 2:0 (25 март 1992, пријателска)
Југославија низ последниот квалификациски циклус за ЕП 1992:
Да не се заборави овој факт: