На денот кога веќе се познати сите патници во групната фаза, а попладне од 18 часот е ждрепката, остануваме на актуелната тема Лига на шампиони. Ова е сезона 1990/1991, кога Црвена Звезда пред историското финале во Бари, успеа да го елиминира големиот Баерн Минхен.
Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.
Крај на мај, почеток на јуни е период за сумирање на сезоната, но и за патување низ спортскиот времеплов бидејќи тогаш се освојуваат пехарите и се редат славја на клупски план. Имаме нови снимки од првите двајца македонци кои станаа европски прваци.
Инспирирани од вчерашниот ден на СФРЈ кој на времето се празнуваше на 29-ти ноември, одиме со најносталгичната фудбалска приказна на овие простори. Последната нивна победа, последниот меч и начинот на кој и беше ставена бодликава жица да не може да припари на ЕП 1992.
На околу 45 минути пред мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Наполи, белградската публика ги поздрави јунаците кои се искачија на европскиот трон и го донесоа најголемиот клупски фудбалски успех во историјата на Југославија.
Старата амбалажа на кока кола, вино-розе, костум, кошулче, кравата, густи коси. Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев и техничкиот Илија Најдоски на некоја поодамнешна прослава со веројатно омилената песна на Кобра кој е во транс. Легенди.
Куса е листата на македонски спортисти кои можат да се пофалат дека станале клупски европски прваци во својата кариера. Се работи само за шестмина, но затоа кој од кој по име, сите великани, а Перо рекордер.
На денешен ден пред 24 години, Црвена звезда стана најдобар тим на светот откако во Токио го освои Интерконтиненталниот куп против чилеанскиот Коло Коло. Панчев беше еден од стрелците, а Најдоски командуваше со одбраната.
Пред 22 години, на 29 мај 1991, Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена Ѕвезда на финалето во Бари го совладаа Олимпик Марсеј и го освоија Купот на европските шампиони.