
На 29 мај во 1991-та година на стадионот „Свети Никола" во Бари, Црвена Ѕвезда по изведување на пенали го совлада Олимпик Марсеј со 5:2 откако по регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши без голови.
Во полуфиналето Звезда го елиминираше Баерн Минхен со 2:1 и 2:2, а претходно беше поуспешна од Динамо Дрезден, Глазгов Ренџерс и Грасхоперс.
Огромна заслуга за европската титула на Црвена Звезда имаат Македонците Илија Најдоски и Дарко Панчев. Најдоски беше столб во одбраната, а Панчев беше најдобар стрелец со 34 голови со што тој ја освои и „Златната копачка".