
Вкупно 160 фудбалски ѕвезди, по 80 од двете страни, од различни периоди од историјата на великаните од Белград, ги составија двете најдобри екипи.
Поводот е што и Црвена Ѕвезда и Партизан годинава слават 80 години од нивното формирање.
Моцарт пишува дека изборот го правеле внимателно и им дале можност да гласаат на играчи од сите генерации, почнувајќи од оние родени пред и за време на Втората светска војна, па сè до денес. Пет месеци работеле на анкетата.
Имале потешкотии во правењето на формациите, па во еден случај користеле 3-4-3, во друг 3-5-2, преку варијации 3-1-3-3 и 3-2-3-2.
Поентата не им била да состават тим кој би се натпреварувал, туку да се исполни минималната форма, барем со три класични дефанзивци, односно тимовите да имаат глава и опашка.
Причината е едноставна. Офанзивните играчи собрале најголем број гласови и биле принудени да направат повеќе простор за нив.
Ако оделе на класична формација 4-4-2, тогаш не ќе можеле да ја испочитуваат вољата на асовите кои гласале.
Топ 11 на Црвена Ѕвезда на сите времиња:
Клупа: Стеван Стојановиќ, Бранко Станковиќ, Илија Најдоски, Роберт Просинечки, Рајко Митиќ, Боривоје Костиќ, Душан Савиќ.
Топ 11 на Партизан на сите времиња:
Клупа: Иван Ќурковиќ, Зоран Мирковиќ, Ненад Стојковиќ, Златко Чајковски, Славиша Јокановиќ, Ненад Бјековиќ, Милош Милутиновиќ