
На денешен ден пред 21 година на стадионот „Свети Никола" во Бари, Црвена Ѕвезда по изведување на пенали го совлада Олимпик Марсеј со 5:2 откако по регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши без голови.
На патот до титулата Црвена Ѕвезда ги совлада Грасхоперс (1:1, 4:1), Глазгов Ренџерс (3:0, 1:1), Динамо Дрезден (3:0, 2:1), а во полуфиналето го елиминираа Баерн Минхен (2:1, 2:2).
Столб на одбраната во тимот на Црвена Ѕвезда беше Илија Најдоски, а најдобар стрелец со 34 голови беше Дарко Панчев со што тој ја освои и „Златната копачка".