Најуспешната фудбалска генерација на овие простори лесно се справи со освојувачот на Копа Либертадорес, иако од 43’ минута играше со играч помалку по исклучувањето на Дејан Савичевиќ. Офанзивната игра на белградскиот тим се исплатеше во 21’ минута кога подоцнежниот играч на Интер и Јувентус, Владимир Југовиќ го отвори резултатот на асистенција токму на Савичевиќ.
Југовиќ го дуплираше водството во 59’ минута, а конечните 3:0 ги постави најдобриот стрелец во Европа, Дарко Панчев во 79’ минута од средбата.
Составот на Звезда кој истрча на Националниот стадион во Токио се разликуваше од оној кој неколку месеци претходно ја покори Европа освојувајќи го финалето на КЕШ против Марсеј во Бари. Клубот го напуштија Драгиша Биниќ, Роберт Просинечки, Рефик Шабанаџовиќ, Слободан Маровиќ и Стеван Стојановиќ кои потпишаа договори со нови клубови.
По трагичната војна која го зафати Балканот, СФРЈ беше санкционирана и од Обединетите нации и тоа се одрази на спортот, а пред се на статусот кој Звезда како европски првак го уживаше на стариот континент. Белграѓани го загубија Супер Купот (1:0) од Манчестер Јунајтед, а Панчев и другарите следната сезона своите домашни натпревари ги играа во Софија поради санкциите.
Головите и доделувањето на пехарот на Најдоски во Токио:
Погодоците со кои Кобра ја освои Златната копачка за најдобар европски стрелец: