Дуелот меѓу Кобра и Олмета ни е гледан 100 пати. Се случи во последната пенал серија која ја реши нашата Златна Копачка и со тоа стана шампион на Европа. Финалето од тоа прочуено и неповторливо финале во Купот на Европски шампиони меѓу Звезда и Марсеј се одигра во Бари на 29 мај 1991.
Овој пат нема да одиме со тие снимки премотувани безброј пати, туку со материјал кој можеби прв пат го гледате. Се работи за српска емисија во која меѓу другите гостуваат Ѓорѓе Балашевиќ и покоен Цуне.
Се зборува за успехот на Звезда, се пуштаат снимки од славјето во Бари, но ги даваат и првите импресии на човекот кој со последниот гол го реши тоа епско финале. Изморен, истоштен, но сепак пресреќен, Дарко Панчев ќе го чуете на 3:37 на видеото, а навивачите на 11:03.
Со ова одат уште две легендарни видеа на кои се гледа како Балканци слават европска титула со ужичко коло. Атмосфера “свадба без невеста“ среде Италија со маестро Дејо Савичевиќ во прв план, но и Роберт Просинечки како коловоџа. Го има и Илија Најдовски. Злато вредат снимкиве.