16 март 1990-та, во југословенскиот фудбал се памети по еден од најјаките голови во историјата на големото белградско дерби. Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 2:0 со головите на Дарко Панчев и Роберт Просинечки во 10` и 19` минута. Го нарекоа „Gol sa Autokomande".
Во идеалниот тим со кои настапувал во кариерата, на клупа ги стави Пикси, Панчев, Шукер, Луис Енрике, Гвардиола, Хуго Санчез, Бутрагењо. Тогаш замислете кои му се во прв тим? Тој пак се наоѓа во најјакиот тим од 11 играчи против кој настапувал во кариерата Марадона.
Срдечна средба со топли поздрави на Хрват, Црногорец и двајца Срби. Се случи неодамна во Париз на ждрепката за Лига на нации, каде се сретнаа Драган Стојковиќ Пикси, новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, Предраг Мијатовиќ и Стеван Стојановик кој бранеше за Ѕвезда кога ја освоија европската и светска титула. Колку само имаат што да си кажат овие легенди за златните фудбалски денови во кои беа главни ѕверки.
Легендарниот фудбалер од незаборавните екс ју носталгични времиња во 1 минута ќе ви го објасни клучот на Хрватите кои на последните два Мундијали стигнаа до финале и полуфинале. Нешто што го красеше и нашиот национален тим некаде до ЕП 2020 со Пандев и Мрме. Куси и одлични поенти на Роберт.
Сите најважни топки во легендарната Црвена Звезда во Купот на шампиони во 91-ва минуваа од стапалата на Просинечки. Пушеше по 2-3 кутии на ден, ама трчаше по 12-13 километри на натпревар.
Крај на мај, почеток на јуни е период за сумирање на сезоната, но и за патување низ спортскиот времеплов бидејќи тогаш се освојуваат пехарите и се редат славја на клупски план. Имаме нови снимки од првите двајца македонци кои станаа европски прваци.
Прво се пентари во автобус, потоа тегне турско, а “креативната“ содржина во рекламата оди вака: Праве ципеле можда нечете начи, али чарапе да. И потоа имаш опасен швенг надолу до нив. За тие времиња ово била најнорамална реклама. Веројатно.
Во пресрет на продолжението од квалификациите за Евро 2020, сите селектори деновиве ги објавуваат пошироките списоци на репрезентативци на кои сметаат. Така и легендарниот „Жути“ Просинечки тргна да го чита списокот фудбалери на Босна и Херцеговина и направи лапсус.
Секогаш духовитиот Питер Крауч, кој летово на 38 години ја заврши кариерата и се повлече од фудбалот, и во минатото и денес има многу интересни приказни од теренот.
Најголемиот фудбалски успех на СФРЈ кој денеска го одбележа и ФИФА е приказна за себе. Тоа беше најава за доаѓањето на една неповторлива генерација, која за жал немаше можност да остане заедно и да му покаже на светот дека Чиле 1987 не беше случајност.
Гостувањето на Босна и Херцеговина во Белфаст против Северна Ирска (1:2) донесе фотографија која стана вирална по социјалните мрежи. На неа се гледа трансформацијата на Роберт Просинечки.
25 октомври е датум кој е влезен во аналите на југословенскиот спорт и ден кој се одбележува во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија. Најдоброто од овие простори му покажа на светот како се игра фудбал.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на ова поднебје, легендарниот ’Жути’ играше во Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севиља, Стандард Лиеж и Портсмут а во кариерата освои 14 трофеи од кои највреден беше оној во Купот на европски шампиони со Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Југословенската, а потоа и хрватска легенда покрај тоа што епитетот ѕвезда го доби во дресот на Црвена Звезда, а потоа беше дел и од Ел Класико и тоа од двете страни, една сезона мина и во англискиот второлигашки фудбал. Таму се служел со балкански манири за кои молчеле сите во тим.
На секој 25 октомври Бобан, Шукер, Јарни, Просинечки, Штимац, Мијатовиќ и останатите деца на Мирко Јозиќ треба да се собираат во кафана и да почнат со муабетот „Сечате ли се шта смо урадили“. ФИФА на својот веб сајт денеска им посвети простор по повод 29 години од освојувањето на златниот пехар.
Бари 1991. Италијаните појма немаат што е тоа ужичко коло. Тие во тоа време беа горди на Тото Кутуњо кој една година претходно победи на Евровизија. Муабетот ни е дека во вчерашната статија за Роби не го ставивме ова легендарно парче за гледање каде тој е коловоџа. Панчев не го видовме, но на оро се фатени Дејан Савичевиќ, Илија Најдоски и ред други ликови. Ѕвезда е шампион во Европа, свирачи јуриш среде Италија.
Има само еден фудбалер на планетава кој има дадено гол на Светско првенство за две различни репрезентации. Има играно и за Барса и за Реал, и за Звезда и за Динамо. Хрват за кој душа даваат Делии.
28 години пред Србија, Светското првенство за играчи до 20 години успеа да го освои златната југословенска генерација предводена од Бобан, Просинечки, Мијатовиќ, Шукер. Но никогаш нема да дознаеме дали заедно со Пикси, Савичевиќ, Панчев, Михајловиќ ќе успеаа во тоа и на еден сениорски Мундијал.
Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое се одржува во Турција стигна до финалето каде ќе се сретнат Франција и Уругвај. За многу играчи тоа е само знак и почеток на една голема кариера па затоа ќе ви ги претставиме младите шампиони кои потоа станаа славни имиња.