#OnThisDay in 1⃣9⃣8⃣7⃣
— FIFA.com (@FIFAcom) October 25, 2018
The #U20WC was won by a Yugoslavia side featuring the likes of Boban, Suker, Prosinecki and Mijatovic 🤩🏆 pic.twitter.com/UVYKGzL3A0
„Сите го земаа здраво за готово фактот дека тоа ќе бидат само три натпревари во групна фаза и потоа дома, па така јас бев единствениот новинар пратен во Чиле. Но прво го победивме домаќинот, потоа продолживме со победи и никој не ни даваше шанси и покрај тоа што игравме убав фудбал. Јас се надевав дека ќе имам малку време и за прошетка, но работев деноноќно. Беше лудо“, изјави Тома Михајловиќ.
„Толку многу трчав и се радував што ако немаше капија ќе продолжев да трчам и надвор од стадион“.
„Се сеќавам дека нас како деца не можеа родителите да не соберат дома, а денеска младиве морате на сила да ги терате да излезат и да се одлепат од тоа комјутерите и телефоните. Во наше време требаше да се избориме за да добиеме нешто“.
„Во Чиле за прв пат во живот видовме киви и далечински управувач. Некои дури не ни ги лупеа кивите“.
„Тоа Светско првенство ни остана како темел на нашите животи и кариери. Речено во стилот на Балашевиќ `Некогаш навистина бевме генерација`. Бевме гордоста на цела Југославија. Србија и Хрватска многу тешко можат да повторат некој сличен успех во блиска иднина“.
„Во Чиле бевме многу млади и не бевме свесни што не очекува, како и желни за докажување бидејќи играме пред цел свет. Напред не буткаше заедништвото и љубовта спрема овој спорт. Како што поминуваше првенството, така созревавме и ако фудбалери и како луѓе. Кога го шутирав последниот пенал во финале, сè ми се исмеша во стомак, без разлика на младинската препотентност и фудбалската виртуозност која беше нормална за нас десетките“.
Бобан Бабунски беше единствениот Македонец кој беше избран во таа врвна генерација на Југославија, но и покрај тоа што беше на припреми, не отпатува за Чиле поради строгиот чичко Дончо.
„Југословенската федерација веќе имаше извадено виза за мене, ја добив и опремата, но на два дена пред тргнувањето за Чиле бев суспендиран од тренерот Дончевски и ми беше забрането да и се приклучам на репрезентацијата. Тренерот беше лут поради неуспехот против Порто (порази со по 0-3 во КЕШ со Вардар). Казни неколку фудбалери, меѓу кои бев и јас. Ми беше многу тешко, не играв 2-3 месеци и дури размислував и да ја прекинам фудбалската кариера“, стои во една изјава на Бабунски.