Светскиот фудбалски успех на Југославија

28 години пред Србија, Светското првенство за играчи до 20 години успеа да го освои златната југословенска генерација предводена од Бобан, Просинечки, Мијатовиќ, Шукер. Но никогаш нема да дознаеме дали заедно со Пикси, Савичевиќ, Панчев, Михајловиќ ќе успеаа во тоа и на еден сениорски Мундијал.

Четвртото место на Југославија предводена од Шекуларац на Светското првенство во Чиле 1962 година остана во аналите на југословенскиот спорт. 25 години потоа во 1987 година Чиле повторно беше домаќин, но овој на младинскиот Мундијал.

Селекторот Мирко Јозиќ тогаш ги имаше на располагање талентите Роберт Просинечки од Црвена Ѕвезда, Ѕвонимир Бобан од Динамо Загреб, Давор Шукер од Осијек, како и Брновиќ, Јарни, Штимац.

Овие млади момчиња, подоцна и славни фудбалски имиња во групната фаза ја победија Австралија (4:0), потоа Чиле (4:2) и Того (4:1). Во четвртфинале го елиминираа Бразил со 2:1, а во полуфинале со ист резултат и актуелниот европски и светски првак Источна Германија.

Финалето против Западна Германија го играа пред 65.000 навивачи, но беа ослабнети без Просинечки и Штимац поради жолти картони, како и без Пеџа Мијатовиќ кој доби црвен картон во полуфиналето.

Борбената Југославија го доби финалето на пенали. Последниот гол го постигна Бобан, кој беше стрелец и во регуларниот дел кој заврши 1:1. Давор Шукер го заврши првенството како втор најдобар стрелец со шест голови, а Мијатовиќ и Бобан постигнаа по три. Југославија имаше шестмина играчи во идеалниот тим на тоа Светско првенство.

Голот на Просинечки против Бразил

Хајлајтс од финалето

Пеналите

Мијатовиќ кој сега работи како фудбалски агент, во интервју за сајтот на ФИФА вели дека Југославија ќе имала сили да освои и Мундијал во сениорска категорија.

„Имавме се што е потребно да станеме најдобар тим во светот, но војната тоа го примени. Екипите од Балканот не смееја да настапуваат на големи натпреварувања така што од 1992 до 1996 година игравме само пријателски мечеви. Ми беше многу тешко. Потоа изби војната и се појавија проблеми меѓу нас играчите. Беше напнато, чувствуваме притисок и потрошивме премногу време на муабети кои немаа врска со фудбал. На крај не бевме ниту на Европско првенство“.

Мијатовиќ смета дека доколку не се распаднеше Југославија и денеска ќе имаше силен тим.

„Да го земеме Светското првенство во 1998 година. Хрватска стигна до полуфинале, а Југославија до втор круг. Имавме сјајни фудбалери, како што е денеска од тие поранешни ју простори. Един Џеко, Стефан Јоветиќ, Миралем Пјаниќ, Дарио Срна, Лука Модриќ, Иван Ракитиќ...тоа би било страшна екипа“, вели Мијатовиќ.