Срдечна средба со топли поздрави на Хрват, Црногорец и двајца Срби. Се случи неодамна во Париз на ждрепката за Лига на нации, каде се сретнаа Драган Стојковиќ Пикси, новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, Предраг Мијатовиќ и Стеван Стојановик кој бранеше за Ѕвезда кога ја освоија европската и светска титула. Колку само имаат што да си кажат овие легенди за златните фудбалски денови во кои беа главни ѕверки.