Роберт Просинечки е роден на 12 јануари 1969-та во Шевенинген, Германија. Таму заминале на печалба татко му Ѓуро кој е Хрват и мајка му Емилија која е Србинка. Го запишале на фудбал во Штутгарт Кикерс и така почнува неговата приказна која потоа ќе стане богата, разновидна и уникатна.
Денеска полни 52. Генерација е со Мијатовиќ и Михајловиќ. Играше фудбал во три декади, од 1986-та до 2005-та. Знае што значи да се крене пехар во КЕШ, да се бидел дел од Ел Класико и тоа на двете страни, но и да се носи дрес на нисколигаш со пуштен стомак каде после натпревар се оди на скара и пиво.
Има играно во Хрватска, Србија, Шпанија, Белгија, Англија и Словенија. Во Италија нема играно, но италијанската критика за него вели:
„Сите најважни топки во легендарната Црвена Звезда во Купот на шампиони во 91-ва минуваат од стапалата на Просинечки. Беше опасен и со лева и со десна со одлична визија за игра и дриблинг. Тешко се чуваше и ги исфрлаше од игра противниците со она лева-десна или лажњак лево, ударац десно.
Имаше и контрадикторности како на пример, пушеше цигари по 2-3 кутии на ден и знаеше да шмркне цела флаша виски. Но овие пороци не беа загрижувачки за неговите соиграчи од следниве две причини. Секако трчаше по 12-13 километри по натпревар и секогаш ја сакаше топката. Не е важно дали има до него фластер или па двајца. Едноставно ја бараше и тешко ја губеше“.
Знаете ли кој е единствениот играч во светот кој има постигнато гол на Светско за две репрезентации? Па Просинечки. Прво за Југославија против Обединети Арапски Емирати на СП 1990, а потоа за Хрватска против Јамајка и Холандија на СП 1998.
Погледнете ја оваа мангупска превара против Јамајка.
Абе гаси цигарата