Сајтот FourFourTwo минатата година реши да им даде шанса на своите читатели да му постават прашање на Крауч преку социјалните мрежи. На крајот најинтересните од Фејсбук, Твитер и Инстаграм ги собрал на едно место.
- Си фаќал топки како дете во Челси. Се сеќаваш ли на некој од тие натпревари?
„Памтам еднаш Денис Вајс како дојде и ме навредуваше што не сум му ја фрлил топката побрзо, а после Челси го врти резултатот во своја корист и Денис ми покажува палец за тоа што почнав да ги фрлам побрзо топките назад. Не бев најдобар болбој на светот, иако беше убаво искуство да се биде толку близу“.
- Дали ти се смачи веќе од тоа луѓето да те прашуваат за твојата висина?
„Па да. Цел живот ме следи тоа. Едно време имав некои принтани листови со одговор на некои прашања од типот „Како е времето таму горе“?, „Зошто не играш кошарка“?. Сигурно по три пати на ден добивам вакви прашања“.
- Како беше да се игра со Роберт Просинечки во Портсмут и дали е вистина дека пушел по 20 цигари на ден?
„Неверојатно беше да се игра со него. Роби беше прав карактер, и тоа каков фудбалер. Не трчаше многу иако немаше ни потреба за тоа. Мислам дека дадов 19 гола таа сезона а тој ми намести на тацна многу од нив.
Не зборуваше многу, а ти сфаќаш дека разбираше многу повеќе отколку што изгледа. Може да збориш со него англиски еден-на-еден и тој ќе ти враќа на совршен англиски, но ако му кажеш повтори, ќе рече: „Не разбирам“.
Пушеше пред мечот, на полувреме кај тушевите и после натпреварите. И тоа пази, Малборо црвено. Страшна работа“.